Германците трошат милијарди за омилениот пијалок | Економија | DW | 23.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Германците трошат милијарди за омилениот пијалок

Традиционално 23 април во Германија секоја година е целосно во знакот на пивото. Имено, на овој датум во 1516 година во Инголштад бил објавен Указот за чистота на пивото.

Овој повеќе од половина век стар документ наложува за производство на пиво да се користат само вода, слад, хмељ и квасец. Указот за чистота се залага за зачувување на старите занаетчиски техники и истовремено важи за најстариот сѐ уште важечки пропис за прехранбен производ во светот.

Во Германија благодарение на указот се разви пивска производна уметност, почитувана ширум светот. Од овие 4 природни состојки во преку 1500 пиварници во Германија од ден во ден се создава уникатна разновидност од повеќе од 6000 марки на пиво.

А и љубовта на Германците кон омилениот пијалок не пресушува. Според последната студија објавена по повод Денот на германското пиво, во минатата година Германците по глава на жител просечно во продавниците и супермаркетите потрошиле околу 100 евра за купување пиво и пијалоци врз база на пиво. Вкупното количество на продадено пиво и пијалоци врз база на пиво пак било 6,1 милијарда литри. Во оваа статистика, меѓутоа, не се земени предвид парите потрошени за пиво во кафулињата, пивските градини, рестораните....

DW.COM

Реклама