Германците трошат милиони евра за велигденски слатки | Економија | DW | 21.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Германците трошат милиони евра за велигденски слатки

Чоколадните зајаци и јајца се купуваат најмногу во неделата пред Велигден. Во шопинг-треската пред празникот се трошат милиони евра.

Германците трошат стотици милиони евра за слатки за Велигден. Само во 2018 година се продадени 29,3 милиони килограми чоколадни велигденски јајца и чоколадни зајаци, кои чинеле околу 394 милиони евра. Тоа значи дека секој граѓанин потрошил во просек по 4,93 евра, се вели во студијата на „Нилсен“, компанија која го истражува пазарот.

„Кога станува збор за велигденски слатки, тогаш Германците сакаат класични работи“, објаснува Михаела Ебсен од „Нилсен“. Најомилени се чоколадните јајца. Минатата година биле продадени околу 92 милиони пакувања велигденски чоколадни јајца. Притоа, чоколадните јајца без алкохол се далеку побарани од оние со алкохол, од кои биле продадени „само“ 16 милиони пакувања.

Но, јајцата добиваат сѐ поголема конкуренција од други чоколадни фигури. Во 2018 година се продале 91 милиони чоколадни фигури, или еден милион повеќе од годината пред тоа. Меѓу нив, 75 милиони биле чоколадни зајаци.

Истражувачите на пазарот велат дека кога се купуваат велигденски слатки, Германците си оставаат време. Најголем дел од нив се купуваат во неделата пред Велигден. „Иако Германците се во основа организирани купувачи, а велигденски зајаци и компанија може да се најдат на полиците уште во јануари, кога се работи за велигденски слатки Германците се 'купувачи во последна минута'“, оценува експертката Ебсен.

Bildergalerie Osterbräuche aus aller Welt Australien (Symbolbild) (picture-alliance/dpa/Patrick Pleul)

Во 2018 година биле продадени 75 милиони чоколадни зајаци

Велигден ја поттикнува и потрошувачката на гумени бонбони и други чоколада. Зашто, „покрај чоколадните зајаци и велигденски јајца, Германците во велигденската кошничка ставаат и други слатки, кои се продаваат во текот на цела година. На тој начин пред Велигден профитираат не само зајаците и компанија, туку сите слатки воопшто“, нагласува Ебсен.

Реклама