Германците заробени во стапицата од долгови | Економија | DW | 16.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Германците заробени во стапицата од долгови

Речиси седум милиони луѓе во Германија се презадолжени. Годинава има 19.000 повеќе од лани покажуваат бројките на студијата Атлас на должници. Како е тоа можно во една од најбогатите земји во светот?

„Дојдете кај нас ако сте презадолжени и не гледате излез. Ако вашите долгови растат иако се трудите да ги намалите, или не знаете како да си ги исплатите ратите за кредит.“ Секој кој во Бон не може да излезе од замката на задолженост, најверојатно ќе заврши во Централното советувалиште за долгови. Раководителот Хенинг Димпкер, кој веќе четири години работи таму, има јасна дефиниција зошто сѐ повеќе луѓе бараат совет од него. „Порано имаше најчесто само една причина за задолженост и тоа најчесто беше кредит за куќа. Денес има најмалку две, а понекогаш и три причини.“

Советниците за долгови најчесто зборуваат за „Големите шест“ причини за презадолженост, меѓу кои купување на недвижности веќе не е на листата. „Главни причини денес се невработеноста и долгорочно ниски примања. Секторите со ниски примања во последниве 15 години се значително зголемени“, објаснува овој дипломиран социјален работник. Меѓу другото кај Димпкер доаѓаат луѓе кои се тешко болни, кои се развеле или едноставно живееле надвор од нивните можности. „Исто така, тука се и трговци поединци со неуспешни бизниси. Тоа се најчесто млади луѓе кои немале други вработени.“

Долго време кај Димпкер доаѓале претежно млади луѓе, но таквиот тренд сега опаѓа. „Сега пред доаѓаат повозрасни луѓе над 50 години. Исто така се зголемува и бројот на луѓе над 60 години кои доаѓаат овде“, објаснува овој советник за долгови. Класичен случај: „Луѓето работат и имаат и социјални бенефиции, но и покрај тоа платата не им стигнува да го нахранат семејството и децата.“ Според Димпкер, луѓето најчесто се презадолжуваат во кризна ситуација: кога ќе останат без примања, во случај на развод или болест.

Henning Dimpker, Diplom-Sozialarbeiter und Schuldnerberater in Bonn (privat)

Хенинг Димпкер

Професионална помош се бара предоцна

Додека луѓето го најдат патот до советувалиштето за долгови, најчесто е предоцна. Многумина веќе со години се презадолжени и научиле да живеат со долгови вели Димпкерс. „Тие доаѓаат кај нас кога сметката им е целосно блокирана и веќе немаат пристап до пари.“ Во првичниот стадиум тие имаат можност за исплата на долговите на рати и вонсудска спогодба, но кај преголеми задолжувања мора да се покрене постапка за инсолвентност. „Колку подолго луѓето се во долгови, толку се помали шансите и мотивацијата да се справат со проблемот“, нагласува Димпкер.

Повеќе: Зошто Германците не се откажуваат од штедењето?

Дополнително има и еден специфичен германски феномен: во оваа земја луѓето не зборуваат за пари, а за долгови уште помалку. „Во англосаксонските земји прашањето 'Колку заработуваш' е сосем нормално. Тука тоа е апсолутна табу тема“, смета овој социјален работник. Поради тоа, често луѓето кои се презадолжени молчат од срам. И прават сосем бесмислени работи. „За соседите да не забележат ништо, автомобилот паркиран пред куќата не се продава. А наместо тоа не плаќаат кирија. И потоа на овие луѓе договорот за наем им се прекинува, но автомобилот е сѐ уште таму!“

Deutschland Schuldenlast Privatleute Illustration (picture-alliance/dpa/P. Steffen)

Презадолженоста е повеќе машки проблем: Во моментов во Германија се презадолжени 4,3 милиони мажи и 2,7 милиони жени

Безизлезна ситуација

Околу една третина од должниците самите бараат советување, една третина под притисок на фамилијата или пријатели и една третина на совет од центрите за вработување или социјалните служби. Потоа во првичните разговори се работи на обезбедување на актуелната животна ситуација. „Најважно е секогаш да се задржи живеалиштето. Ако некој станал бездомник, немаме ни многу простор да ги тематизираме долговите.” Следните прашања од агендата на Димпкерс се дали е платена струјата, дали се подмирени трошоците за здравствено осугурување. „Особено кај семејства е од големо значење да може да живеат во топол дом. Кај хронично болни да не е обезбедено само минимално здравствено осигурување.“

Повеќе: Дали Германците навистина пливаат во пари?

Што може политиката да направи за да се намали бројот на должници во следните години? „Превентивно да ги адресира оние структури во населението кои се наоѓаат во критична ситуација. И подобро да се поврзат советувалиштата за должници!” Тоа значи дека советниците треба да работат во тимови со советници на зависници. Хенинг Димпкерс го наведува неговиот омилен пример: „Нема смисла без соодветна терапија да се ослободи од долгови зависник од игри на среќа, бидејќи за најкраток рок повторно ќе се задолжи.”

DW.COM

Реклама