Германците го одврзаа ќесето
22 декември 2017Потрошувачите во Германија во новата 2018 година влегуваат полни со доверба. Истражувачите од Нирнбершкиот институт за истражување на потрошувачката (ГфК) за наредната година прогнозираат пораст на индексот за 0,1 поен, со што би се достигнала вредност од 10,8 поени. До ваквите резултати се дојде со помош на истражувањето на околу две илјади репрезентативно одбрани граѓани. Добри се и изгледите за успешен божиќен шопинг.
„Потрошувачите во моментов се уверени дека трајниот силен полет ќе продолжи и во наредната година“, вели експертот на ГфК, Ролф Биркл. Со тоа е поставена добра основа за „успешна потрошувачка 2018 година“, нагласува тој.
Домашната конјунктура и во иднина ќе биде важен столб на вкупниот економски развој.
Биркл укажува на големата подготвеност на граѓаните за купување скапи работи, како мебел и автомобили. Оваа т. н. склоност кон купување е „стабилна и на извонредно ниво“, додава Биркл.
Според експертите, во моментов нема видливи ризици за расипување на расположението на Германците за трошење.