Германците гледаат две Ангели | Свет | DW | 23.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германците гледаат две Ангели

Угледна во светот, но често неодлучна. Добра канцеларка, но нејзиното време завршува. Додека Ангела Меркел се бори да остане на власт во уште еден мандат, опаѓа подршката на Германците за „вечната канцеларка“. #DE_facto:

Ангела Меркел- вечна канцеларка. Во светот сѐ уште авторитет, а дома сѐ почесто на мета на критики. Што мислат Германците навистина за Ангела Меркел?  Се ближи ли крајот на нејзината ера?  Ангела Меркел се уште ужива голема поддршка од граѓаните, но и се повеќе ги збунува. Особено кога се работи за нејзината политика кон бегалците и начинот на кој ја води земјата.

Гледај видео 02:28

Што Германците навистина мислат за својата канцеларка?

Секој петти Германец вели дека смиреноста и опуштеноста се силни страни на канцеларката. Истовремено, исто толку Германци како најголем недостаток на Меркел ја истакнуваат нејзината неодлучност. Секој десетти Германец го цени нејзиниот углед во светот, додека 23% од граѓаните ја критикуваат нејзината склоност едноставно да чека проблемите да се решат сами од себе . Германците всушност во една иста личност гледаат две канцеларки.

На Ангела Меркел многумина и префрлаат дека не е блиска до граѓаните, дека не сака да ги признае сопствените грешки, дека со сите сите сили се обидува да остане на власт и дека пречесто го менува курсот. Повеќе од две третини од Германците сметаат дека најдоброто време на канцеларката Меркел веќе помина. Но, истовремено речиси ист број луѓе сметаат дека таа е „добра канцеларка“. Нешто повеќе од половина од испитаниците очекуваат дека сепак актуелната шефица на владата од таа функција ќе се повлече пред крајот на мандатот во 2021 година. Но, каков е нејзиниот план? Дали е Ангела Меркел толку желна за моќ или само го чека вистинскиот момент за повлекување?

„И канцеларката одамна сфати дека полека се ближи крајот на нејзината ера. Но, таа по секоја цена сака да спречи нови избори и да остане на чело на владата. Без оглед на тоа, таа не смее да го пропушти вистинскиот момент за повлекување. Ангела Меркел, доколку ја исклучиме бегалската криза, со години ефективно, бесшумно и елегантно управуваше со државата. Денес е таа најмоќна жена на светот. Но, доколку сака како таква да ја напушти политичката сцена, таа не смее предолго да чека“, анализира Розалија Романиец, одговорна уредничка во ДВ,

Доколку сепак го одработи мандатот до крај, таа со 16 канцеларски години ќе го достигне досегашниот рекордер Хелмут Кол- канцеларот на обединувањето и нејзин политички ментор.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама