Германски разузнувач „пребегал“ во исламисти | Свет | DW | 30.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германски разузнувач „пребегал“ во исламисти

Германец кој работел за тајната служба е откриен како „осомничен исламист“, соопшти тајната служба, откако во јавноста протекоа информации дека бил планиран напад врз седиштето на агенцијата.

„Службата за заштита на Уставот (СЗУ) успеа да открие осомничен исламист меѓу своите вработени“, соопшти агенцијата, потврдувајќи ги претходните извештаи во неколку водечки германски медиуми. 51-годишниот Германец, кој е уапсен поради споделување „чувствителни информации“ на интернет, веројатно планирал бомбашки напад врз централата на СЗУ во Келн, каде што и самиот работел.

Засега нема сознанија за можни врски на агентот со ткн. Исламска држава.

Портпарол на СЗУ вели дека агентот бил откриен откако на интернет постирал „исламистички забелешки под лажно име, и нудел внатрешни информации во разговори“.

Агентот е во притвор, но од Службата засега не потврдуваат дека осомничениот планирал бомбашки напад врз централата. Обвинителите го водат случајот како „подготовка на сериозна закана против државната безбедност“.

Магазинот Дер Шпигел и весникот Ди Велт јавија дека агентот конвертирал во Ислам во 2014 година. Осомничениот бил женет и имал деца. Работел во банка но, од април годинава, соработувал со тајната служба во прибирањето податоци за исламистичката сцена во Германија.

Медиумите тврдат дека осомничениот делумно го признал обвинението откако споменал бомбашки напади изведени „во името на Алах“.

Тој користел повеќе различни имиња на интернет и пренесувал информации за Агенцијата во онлајн разговори. Неговите активности биле откриени пред еден месец.

DW.COM

Реклама