Германски печат по изборите: Северна Македонија се приближува до Европа | Северна Македонија | DW | 06.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Германски печат по изборите: Северна Македонија се приближува до Европа

Победата на социјалдемократскиот кандидат Стево Пендаровски ѝ е од помош на балканската земја на долгиот пат кон ЕУ, оценува денеска весникот „Хандеслблат“.

Под наслов „Северна Македонија се приближува до Европа“, весникот „Ханделсблат“ денеска известува за резултатите од претседателските избори и оценува дека „политичкиот ризик за социјалдемократите на претседателските избори беше голем, зашто во случај на пораз на Пендаровски ќе имаше предвремени парламентарни избори со неизвесен исход“:

„Неговата победа е многу важна за земјата кандидат за ЕУ, зашто со тоа се зајакнува натамошно прозападната политика на малата балканска држава, иако претседателот има пред сѐ репрезентативна функција... Исходот од претседателските избори ќе има позитивно влијание и врз економијата на земјата со само два милиони жители... 'Подобрената политичка стабилност ќе ја зајакне довербата на инвеститорите и ќе даде поттик за робустен економски развој', уверена е Олга Пиндјук, експертка од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Минатата година брутодомашниот производ порасна за 2,3%. Годинава и во наредната година економистите очекуваат економски пораст од над 3%, за кој ќе бидат заслужни извозот и приватната потрошувачка. Натамошниот развој ќе зависи особено од германската конјунктура. Германија е најважниот економски партнер на Северна Македонија.“

Повеќе:

Победи Пендаровски, но уште посилно пораките од граѓаните

Победникот и „непоразената“

Весникот „Ноје цирхер цајтунг“ во насловот на текстот посветен на изборите во Северна Македонија констатира: „Избирачите во Северна Македонија го потврдија прозападниот курс на земјата“. Во текстот, меѓу другото, се вели:

„Претседателот во Северна Македонија располага со мала конкретна моќ. Па сепак, изборот на проевропски кандидат претставува важна потврда на реформскиот курс на премиерот Зоран Заев... По грчката согласност од февруари, приемот на Северна Македониј во западниот воен сојуз е само формалност и би требало да се заврши наредната година. Меѓутоа, ЕУ-перспективата, која е поважна за населението, со оглед на заморот на Унијата од проширување, е помалку конкретна. Според најголемиот број набљудувачи, дотолку поважен би бил гестот на Брисел на признание за внатрешнополитички контроверзниот компромис за името и почетокот на преговори со Скопје по европските избори.“

DW.COM

Реклама