Германски Ковид експерт: Маските ќе ги носиме до крајот на 2021 | Панорама | DW | 17.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Германски Ковид експерт: Маските ќе ги носиме до крајот на 2021

Кристијан Дростен е водечки германски виролог и владин советник во битката со пандемијата на коронавирусот. Во интервју за ДВ, Дростен зборува за очекувањата за крајот на пандемијата и предизвиците пред нас.

ДВ: Професоре Дростен, уште колку долго очекувате пандемијата на коронавирусот да се одржи глобално?

Дростен: Многу е тешко да се прават глобални проекции. Имаме многи различни и тешки ситуации. За земјите околу нас, во Европа, зимата нема да биде лесна. Ќе имаме вакцини во текот на следната година. Претпоставувам дека ќе трае до крајот на следната година додека значителен дел од населението да добие вакцина. Тоа значи дека нема да се ослободиме од маските наскоро. Затоа што дури и кога ќе започне вакцинацијата, населението во најголем дел ќе мора да носи маски. Во земји како Германија каде инциденцата е ниска нема да има заштита на целото население. Тоа веројатно нема да биде случај во ниту една европска земја. Во остатокот од светот состојбата е многу тешко да се процени.

На пример, во Африка, имаме сигнали за пониска или полесна појава на болеста. Тоа може да се должи на пониската возраст на населението.

ДВ: Согласно тоа што го знаете, кои региони во светот ви предизвикуваат најголема грижа во моментов?

Индија во моментов е најголема грижа. Индија има голема густина на населението и вирусот се шири. Не би рекол на неконтролиран начин, но речиси е тоа случајот. Потоа секако некои региони во Јужна Америка, а веќе зборував и за Африка.
Но и во северната хемисфера, зимата доаѓа и постојат региони, вклучително и во Европа, каде има мала контрола, каде земјите веќе влегуваат во есента со висока инциденца и каде довербата во медицинските структури, но и моќта за интервенции на јавното здравство е мала.

ДВ: Многу земји во светот ја гледаат Германија како пример каде работите добро се одвиваат. Што направивме добро тука?

Одлучувачко веројатно беше тоа што Германија реагираше многу рано. Не е само во прашање календарот, туку релативната точка во времето кога се ограничија контактите и беше воведен некој вид карантин. Знаевме за епидемијата од лабораториските тестови. И оваа широко распространета достапност на лабораториско тестирање е нешто што ја разликуваше Германија од другите земји. Една од причините беше тоа што бевме навистина брзи на лабораториско ниво во реакцијата. Друго објаснување, секако, е дека кај нас епидемијата започна нешто подоцна.

ДВ: Веќе рековте дека ќе мора да живееме со маски уште долго, дури и кога ќе се појави вакцината. А кога ќе можеме да се прегрнеме повторно?

Тоа ќе биде многу регионално прашање. Во некои делови од светот, нема да бидам изненаден доколку населението биде заштитено следната година. Но тоа би значело дека тие ја надминале епидемијата полесно поради нивната старосна структура. Како Африка, која веќе ја споменав.

Во другите делови од светот каде концептот е да се избегне широка трансмисија на вирусот и да се чека на вакцина, треба да се очекува да се носат маски до крајот на 2021 година. Невозможно е да се дадат точни проценки, но следната година ќе биде година во која ќе се носат маски.

DW.COM

Реклама