Германски градоначалник нападнат со нож | Свет | DW | 28.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германски градоначалник нападнат со нож

Градоначалникот на Алтена примил во градот повеќе бегалци од предвиденото, дали затоа стана жртва на напад? Полицијата смета дека нападот е политички мотивиран. Канцеларката Меркел изрази згрозеност од делото.

Градоначалникот на градот Алтена во покраината Северна Рајна Вестфалија, Андреас Холштајн од Христијанско демократската унија синоќа бил нападнат со нож во една донер-сендвичара, по што е пренесен во болница, но наскоро е пуштен дома. „Имав среќа што околу мене се најдоа луѓе кои брзо реагираа“, изјави тој по нападот. Во инцидентот синоќа бил повреден и еден човек кој му прискокнал во помош на градоначалникот.

Според покраинскиот премиер на Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, полицијата верува дека зад нападот стојат политички мотиви. Напаѓачот, кој е уапсен по извршеното дело, а бил во алкохолизирана состојба, направил одредени политички забелешки поврзани со бегалската политика. Оттаму, се претпоставува дека заднината на делото е политичка. Градот Алтена е познат во цела Германија по својата гостопримливост за бегалците, по тоа што има прифатено поголем број бегалци отколку што предвидува сојузниот клуч за нивна распределба.

„Ова насилство против доброволните помагачи, против градоначалниците кои се грижат за доброто на своите градови, е одвратно“, изјави Лашет, порачувајќи: „Во Северна Рајна Вестфалија нема место за омраза и употреба на сила, разноликоста и плурализмот се наш заштитен знак.“

Канцеларката Ангела Меркел изрази згрозеност од делото во Алтена.

 

Реклама