Германските Турци од денеска можат да гласаат | Свет | DW | 27.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германските Турци од денеска можат да гласаат

Од денеска, турските државјани кои живеат во Германија можат да се изјаснуваат за уставните промени и воведување претседателски систем во Турција. Кои се условите за нивното гласање и како тоа се одвива?

Колку Турци кои живеат во Германија можат да гласаат на референдумот за уставни промени?

Според Сојузната служба за статистика, во Германија живеат околу 1,5 милиони луѓе со турски пасош. Најголем дел од нив има право на гласање. При изборот на новиот турски парламент во јуни 2015. година, право на изјаснување имаа 1,4 милиони Турци. Исто толку ќе можат да гласаат и во оваа прилика, во периодот од 27. март до 9. април. Услов за тоа е претходно да бидат регистрирани. Колкумина пак ќе го искористат своето право на глас, тешко е да се каже. На парламентарните избори во 2015. година на гласачки места излегле околу 41 процент од германските Турци со право на глас.

Каде гласаат Турците во Германија?

Турците кои живеат во Германија својот глас можат да го дадат во девет турски генерални конзулати: во Берлин, Хамбург, Хановер, Франкфурт, Келн/Хирт, Диселдорф, Минстер, Карлсруе, Мајнц. Освен тоа, на располагање им стојат и уште четири други гласачки места, едно од нив е на пример во едно турско здружение во Дортмунд. Генералните конзулати всушност не се дел од турската државна територија, но таму сепак се гласа според турското право. Германија претходно има дадено своја согласност за тоа. По гласањето, гласачките кутии се носат во Турција и таму се отвораат. 

Stuttgart türkisches Konsulat Solidarität Türken Erdogan (picture-alliance/dpa/A. Rosar)

Германски Турци со поддршка кон Ердоган, Штутгарт 2016. година

Кои се правните предуслови?

Турското изборно законодавство предвидува во основа турските државјани да земат учество на изборите и референдумите и во странство. Предуслов меѓутоа е државите во кои ќе се врши изјаснувањето, да дадат своја согласност. Во случајот со Германија, овој предуслов е исполнет.

За кои партии гласале досега Турците во Германија?

Турците во странство, според досегашната тенденција, најчесто гласале за партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, АКП - Партија на правдата и развојот. На парламентарните избори во 2015. година за неа се определиле околу 54 проценти од гласачите, што е повеќе отколку во која било друга европска држава во која луѓето учествувале на турските избори. Меѓутоа, од околу 1,4 милиони граѓани со право на глас, гласале само 479.000. На изборите во ноември минатата година, во Германија правото да гласаат го оствариле речиси 60 проценти од германските Турци.

Deutschland Demonstration in Hamburg Besuch des türkischen Außenministers (picture-alliance/dpa/A. Heimken)

Демонстрација против настапот на турскиот министер Чавушоглу во Хамбург на почетокот на овој месец

Колкаво значење има учеството на германските Турци во изјаснувањето?

Претпоставките се дека има големо значење. Не постојат веродостојни прогнози за исходот од референдумот, но во целина, се очекува тесен резултат. Со оглед на тоа што досега на изборите мнозинството од граѓаните со право на глас се изјаснуваа за Ердоган, гласовите од Германија можат да имаат висока релевантност. Токму од таа причина, бројни политичари од Турција доаѓаа во Германија на организирани јавни настапи.

 

DW.COM

Реклама