Германските тајни служби за Русија: „Не најдовме јасен доказ“ | Свет | DW | 07.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германските тајни служби за Русија: „Не најдовме јасен доказ“

Се обидува ли руската влада да го манипулира јавното мислење во Германија? Досега за тоа недостасуваат јасни докази- така барем гласи првиот заклучок на германските тајни служби.

Германските тајни служби, според медиумски извештаи, не пронашле јасни докази за руска кампања со дезинформации против германската влада. Сојузната разузнувачка служба (БНД) и Сојузната служба за заштита на уставниот поредок (БфВ) истражувале речиси една година, заеднички изваестуваат телевизиите НДРи ВДР и весникот „Зиддојче Цајтунг“. Од владини извори во Берлин се вели дека не е пронајден јасен клучен доказ за такво нешто.

Првобитно тајните служби планираа да го објават извештајот од истрагата за можните руски активности, известуваат медиумите. За германската влада тоа ќе беше добредојдена можност да ја предупреди Русија да не врши политичко влијание- во прв ред при предизборната кампања за претстојните избори за Бундестагот во септември. Меѓутоа, со оглед на недостатокот од докази, сега владее мислење дека има помалку смисла да се објавуви документот од 50-тина страници. БНД и БфВ повеќе стравуваат дека со тоа натамошно ќе се оптоварат и онака напрегнатите односи со Русија.

На „курс на конфронтација“

Медиумите натаму јавуваат дека и покрај ваквиот исход на истрагата, германските тајни служби не гледаат причина за опуштање. Нивниот извештај документира „конфронтирачки курс“ на Русија кон Германија од 2014. година наваму и известувањето на руските медиуми и нивните германски изданија го нарекува „непријателски настроено“. Одговорноста за таквите обиди за остварување на политичко влијание, германските тајни служби ја гледаат директно во претседателската администрација на Кремљ. Тешко е меѓутоа да се повлече граница меѓу претераното и лажното известување и дезинформациите, се вели во извештајот. Германската влада сепак наредила истрагата да продолжи.

Причина за истрагата на тајните служби е загриженоста дека Русија- како што наводно веќе се случи во САД- би можела да влијае врз исходот на изборите за Бундестагот. Можности за такво нешто има многу. Така Москва би можела да објави тајни документи, украдени преку хакерски напади или да ги поддржи десничарско-популистичките партии.

 

Реклама