1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: picture alliance / dpa

Германскиот парламент го одобри фискалниот пакт

Александар Методијев/дв/макфакс
30 јуни 2012

Бундестагот и Бундесратот го изгласаа фискалниот пакт на ЕУ од 120 милијарди евра за раст, како и Европскиот механизам за стабилност. Во двете гласања имаше повеќе од потребното двотретинско мнозинство.

https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%B3%D0%BE-%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8-%D1%84%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D0%BA%D1%82/a-16062425

Веднаш по усвојувањето, во Сојузниот уставен суд беа покренати и првите тужби против двата закона. Германскиот претседател Јоахим Гаук сака да почека со потпишувањето на законите, се до разгледувањето на поднесоците од страна на највисокиот германски суд.

Германската канцеларка Ангела Меркел брзаше да се врати во Берлин од самитот на европските лидери во Брисел, за да се обрати пред законодавното тело, пред тоа да се затвори поради летната пауза.

Таа ги охрабри законодавците да го одобрат европскиот фискален пакт за буџетска дисциплина, како и постојаниот фонд за спас, наречен Европски механизам за стабилност, кој изнесува 500 милијарди евра.

Merkel Bundestag Abstimmung Fiskalpakt
Меркел брзаше за гласањето пред летната пауза на парламентотФотографија: picture alliance / dpa

„Германија со одобрувањето на фискалниот пакт и Европскиот механизам за стабилност ќе испрати значаен сигнал ... дека ја надминуваме европската должничка криза на одржлив начин“, изјави Меркел во Бундестагот.

Во фискалниот пакт се вклучени 25 од 27-те членки на Европската унија. Велика Британија и Чешката Република одбија да се приклучат кон него. Европскиот механизам за стабилност ќе го формираат земјите од еврозоната, преку директна уплата на капитал и со државни гаранции. И покрај тоа што се претпоставува дека овој постојан механизам ќе почне да функционира во јули 2012 година, тоа ќе се случи само доколку договорот за воспоставување на механизмот го потпишат земјите на коишто отпаѓа 90 отсто од капиталот со кој тој ќе располага.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Енергетската криза во фокусот на македонската политика

Мицкоски: И јавните претпријатија на регулираниот пазар

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница