Германската политика збунета по победата на Трамп | Свет | DW | 09.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германската политика збунета по победата на Трамп

Во Берлин во моментов никој нема одговор на прашањето како по победата на Доналд Трамп во САД, натамошно ќе се развиваат германско-американските односи. Канцеларката Меркел на Трамп му понуди тесна соработка.

Германските политичари како да се фатени во расчекор по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Барем таква претстава оддаваа нивните реакции во утринските часови. Најнапред министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен говореше за „тежок шок“. Потоа лидерот на Социјалдемократската партија и вицеканцелар Зигмар Габриел победникот на американските избори го означи како „предводник на новата авторитарна и шовинистичка Интернационала“. Дури подоцна во денот министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларката Ангела Меркел го променија тонот.

Но фактот дека канцеларката како силен приврзеник на трансатлантската соработка му понуди соработка на Трамп само под услови тие да се засновани на заеднички вредности, ги покажува размерите на германската збунетост околу идните односи со САД. 

Меркел на идниот претседател на САД, Доналд Трамп, во официјалната реакција на исходот од изборите во САД му ја честиташе победата и му понуди тесна соработка. Меркел истовремено го потсети Трамп на неговата идна одговорност за развој во светот.

Гледај видео 00:25

Меркел му ја честиташе победата на Трамп

„Оној кој е на чело на голема земја, со својата голема економска сила и воен потенцијал носи оговорност која се чувствува ширум целиот свет.“, изјави Меркел. Таа додаде дека САД и Германија се поврзани со заеднички вредности како што се демократијата, слободата, почитување на законот како и човечкото достоинство без разлика на потеклото, бојата на кожата, верата, полот, сексуалната определба или политичкото мислење. „Врз оваа основа на идниот претседател на САД, Доналд Трамп, му нудам тесна соработка“, изјави Меркел.

Канцеларката додаде оти партнерството со САД останува камен темелник на германската надворешна политика. Таа истакна дека меѓу големите предизвици на денешницата спаѓаат борбата против тероризмот, сиромаштијата, гладот, болестите како и залагањето за мир и слобода.

„Кога американскиот народ на фер и слободни избори ќе го избере својот претседател, тогаш е тоа важно и надвор од САД. Германија ниту со една земја надвор од ЕУ нема толку тесни односи како што има со САД“, изјави Меркел.

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер рече дека исходот од американските претседателски избори е „поинаков во однос на она што мнозинството луѓе во Германија го сакаат“, додавајќи оти „секако мораат да ја почитуваат оваа одлука“. Тој рече дека победата на Трамп значи оти „ништо нема да биде полесно, а дека ќе можат многу работи да станат потешки“.

Гледај видео 00:24

Реакција на Штајнмаер на победата на Трамп

Вицеканцеларот Сигмар Габриел, пак истакна. „Трамп е предупредување и за нас. Дискриминацијата на странци и бегалци се користи како средство со кое се привлекуваат избирачи. Со тоа се постигнува само  враќање во старите лоши времиња“, изјави Габриел.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама