Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО | Северна Македонија | DW | 31.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО

Владата во Берлин даде согласност за прием на Македонија во НАТО и ќе се залага процесот да биде завршен брзо.

Приклучувањето на Македонија во НАТО е „важно за безбедноста во евроатлантскиот простор“, се вели во соопштението на германската влада и се додава дека е тоа „важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан“.

„Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.

Во соопштението се образлага дека надворешнополитички „Северна Македонија игра конструктивна улога на Западниот Балкан“, што особено станало видливо „преку подготвеноста да се даде согласност за промена на името од 'Македонија' во 'Северна Македонија', што беше договорено со Грција во јуни 2018 година“.

Повеќе:

Мас: Извонредна вест за Европа

Меркел: Завршувањето на спорот за името е важна вест

Приклучувањето на Македонија во НАТО, според владата во Берлин, е „важно и за трансатлантската заедница“. „Северна Македонија во изминатите години амбициозно го реформираше својот безбедносен сектор и постигна голем напредок во сферата на правната држава и демократијата. Македонската влада се обврза да продолжи со започнатите реформски чекори“, стои, меѓу другото, во соопштението.

DW.COM

Реклама