Германките ја одбранија европската титула | Теми | DW | 29.07.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германките ја одбранија европската титула

Германските фудбалерки ја освоија шестата титула европски првак едноподруго и осма севкупно. Во финалето совладан големиот ривал Норвешка со 1:0

Женската фудбалска репрезентација на Германија ја одбрани титулата европски првак, откако вчера во финалето на Европското првенство што се играше во Стокхолм ја победи Норвешка со 1:0. Стрелец на голот вреден шампионски трофеј беше Ања Митаг во 49.минута.

Репрезентацијата на Норвешка имаше две шанси – два пенала, но голманката на Германија Надин Ангерер ги одбрани ударите на Трине Ронинг (27.минута) и на Солвеиг Гулбрансен (60.минута). За Германија ова беше осма титула европски шампион, Норвешка има две титули, а Шведска една.