Германијо, брани ги човековите права! | Свет | DW | 10.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германијо, брани ги човековите права!

На многу места се газат човековите права. Германија е богата и стабилна, затоа мора да биде пример во нивно почитување.

Дали Универзалната декларација за човековите права стана слепо црево на светската политика? Дали Декларацијата, која на 10 декември 1948 година пред Генералното собрание на ОН ја прочита Елеонор Рузвелт, ја загуби веродостојноста?

Судејќи според воените злосторства во Алепо, искушението на овие прашања да се одговори потврдо, е големо. Земјата гори! Следува една по друга стравична вест: војна во Сирија, во Јемен, терор во Нигерија, демонтажа на правната држава во Турција,но и среде Европа, во Полска и во Унгарија. Листата на прекршувања на човековите права доби вџашувачки размери. 

Човековото достоинство е неприкосновено

Драматичните развои се отсликуваат и во Германија. Творците на Уставот ги имаат во него инкорпорирано суштинските одредби од Универзалната декларација на човековите права. „Достоинството на човекот е неприкосновено. Неговото почитување и заштита е должност на сите државни органи“, стои во членот 1.

Но, и во Германија горат азиланстки домови, терористичките напади шират страв и ужас, курсираат коментари со омраза, расизмот зема замав. Тоа не е случај само по прифаќањето на стотици илјади бегалци во есента 2015 година. И пред 20 години беа опожарувани азилантски домови.

Германскиот институт за човекови права во својот најнов извештај јасно ги детектираше дефицитите. Берлин не треба тоа само рутинирано да го прифати на знаење, туку да преземе нешто повеќе за да го спречи овој опасен тренд. Зашто, почитувањето на човековите права почнува во сопствената земја. Во 2015 година со приемот на бегалците Берлин докажа дека човековите права се елементарен составен дел од германската политика.

Но, и по овој хуманитарен напор, потребна е уште голема убедувачка активност. Зашто, дел од населението се чини сѐуште не е начисто дека човековите права важат за сите жители. Нивната одбрана и примена мора секојдневно да се докажува не само кон домашните, туку и кон странците. Зачувувањето на човековите права е перманентен тест за демократските општества.

Prange de Oliveira Astrid Kommentarbild App

Астрид Пранге де Оливиера

Се разбира, кохерентна политика на човекови права е утопија. Меѓународните конфликти се премногу комплицирани, војните премногу асиметрични, а економските и политичките односи премногу противречни. За Германија и за ЕУ на надворешнополитички план ќе биде исклучително тешко да ја вратат загубената доверба во однос на човековите права. Сѐ додека Западот ја критикува ситуацијата со човековите права во Куба, но молчи за онаа во Кина, политичарите од калибарот на Владимир Путинили Реџеп Таип Ердоган имаат голем простор за маневрирање.

Долга листа гревови

Германија во својата надворешна политика постојано е во контрадикторност со своите вредности. Листата на гревови е долга: од спорниот бегалски договор со Турција, преку извозот оружје во Саудиска Арабија, па до откажување азил на „свиркачот“ Едвард Сноуден.

За Берлин постои само еден излез од оваа фрустрирачка ситуација во поглед на човековите права: треба да се предничи со добар пример барем во сопствената земја. За меѓународниот углед на Германија одбраната на човековите права е егзистенцијално прашање. Зашто, само со сопственото залагање за слобода, правда и мир, Германија успеа да се дигне од урнатините на Втората светска војна.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама