1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Flugabwehrrakete Strela
Ракета за противвоздушна одбрана од типот „Стрела“Фотографија: Konstantin Mihalchevskiy/Sputnik/SNA/imago images
Конфликти

Германија ќе ја снабди Украина со ракети

ЕМФ | агенции
3 март 2022

Германија, според медиумски извештаи, ќе ѝ достави на Украина ракети за противвоздушна одбрана. Претходно, Берлин веќе даде дозвола за оружје за противтенковска одбрана и ракети земја-воздух.

https://p.dw.com/p/47vqK

Министерството за економија во Берлин, според информации на агенциите ДПА и АФП, по барање на Бундесверот одобрило 2700 ракети за противвоздушна одбрана од типот „Стрела“ за Украина. Станува збор за оружје од советско производство од резервите на народната армија (НВА) на поранешната Германска Демократска Република (ГДР).

Вчера, германската владавеќе ѝ даде на Украина 1000 парчиња оружје за противтенковска одбрана и 500 ракети земја-воздух од типот „Стингер“ од резервите на Бундесверот. На НАТО-партнерите Холандија и Естонија, освен тоа, им е дадена дозвола за доставување оружје на Украина од германско производство или од резервите на поранешна ГДР.

Германија пред инвазијата на Русија на Украина одбиваше да ја снабдува Украина со оружје. Притоа, владата во Берлин укажуваше на својата генерална политика за неиспраќање убиствено оружје во кризни региони. По почетокот на рускиот напад на Украина минатиот четврток (28.02), таа го промени својот став.

Deutschland | Soldat mit Stinger-Flugabwehrrakete
Војник на Бундесверот со ракета од типот „Стингер“Фотографија: Ingo Wagner/dpa/picture alliance

Пофалби од Киев, критики од Москва

Украинскиот престедател Володимир Зеленски во саботата ја пофали најавата за доставување германско оружје: „Продолжете така, канцелару Олаф Шолц“, напиша Зеленски на Твитер.

- повеќе: ЕУ со 450 милиони евра ќе купува оружје за Украина, вклучително и борбени авиони

Руското Министерство за надворешни работи ја критикуваше одлуката на германската влада за испраќање противтенковско оружје и „Стингер“-ракети. „Со оваа одлука СРГ не само што ги буди духовите на Студената војна, туку и оние на 'жешката криза'“, изјави портпаролката на министерството, Марија Сахарова.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

загадување Скопје

Стотина граѓани сакаат да „посвојат“ мерна станица во Скопје

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница