Германија: „Ќе има уште многу корона-мртви“; наставниците сами ќе се тестираат | Информации и анализи за Германија | DW | 03.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија: „Ќе има уште многу корона-мртви“; наставниците сами ќе се тестираат

Институтот Роберт Кох ѕвони за аларм – вирусот се шири брзо кај постарите. За да останат отворени училиштата и градинките, министерот за здравство планира наставниците и воспитувачите да се тестираат сами со брзи тестови

Додека болниците во меѓувреме успеаја во подобра контрола на ширењето на коронавирусот, во старечките и домовите за нега бројот на новоинфицирани повторно нагло расте како за време на првиот бран пролетоска, треба да се подготвиме на зголемен број смртни случаи, можно е да настрада петтина од станарите во домовите, истакна денеска директорот на Институтот Роберт Кох, Лотар Вилер во Берлин.

Додека бројот новозаразени кај помладите старосни групи бележи опаѓање, кај лицата над 85 години во изинатите три недели драматично скокна.

„Сега доаѓа до она на што предупредив пред повеќе недели: вирусот се рашири претежно кај помладите, а преку нивните контакти се пренесе на постарите и посебно загрозени старосни групи," истакна Вилер. Бројките можат да се зголемат посебно околу Божик, со очекуваните засилени семејни контакти за празниците, овозможени од олабавувањата на рестрикциите од страна на покраините.

Повеќе на темата:

Германија: Закани со смрт во корона-жариштето Хилдбургхаузен

Германија ја надмина границата од еден милион корона-инфицирани

Германија го продолжува и го заострува „локдаунот“

Закана од ново затворање: Има ли план „Б“ за училиштата?

Институтот Роберт Кох во последните 24 часа регистрирал 479 починати, втора по висина вредност од почетокот на пандемијата. Со новите вчерашни 22.046 позитивни тестови, нивниот вкупен број во земјата досега изнесува 1 милион и 106 илјади, во земјата моментно има 3969 пациенти на одделенијата за интензивна нега. Со оглед на константно високото ниво на новозаразени, Вилер ситуацијата ја оценува за многу напната: „Гледаме дека здравствените заводи сѐ потешко го носат товарот, тие се исцрпени, многу болници се на работ на своите капацитети", рече Вилер. Тој упати апел до граѓаните за консеквентно спроведување на хигиенските и заштитни мерки.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан навести промена на стратегијата во употребата на брзи тестови. „Детските градинки и училиштата од петок ќе можат самите да порачуваат и користат брзи тестови", изјави тој за весниците од медиумската група Функе. Во оваа опција тој гледа можност за и во време на пандемијата градинките и училиштата да останат отворени. Досега и брзите тестови, кои лиферуваат резултати за најкратко време без вклучување на лаборатии, смееја да бидат употребувани само од страна на стручен медицински персонал. Но, според новиот план на министерот, сега ќе смеат да ги користат и наставниците и воспитувачките за да се тестираат самите, со претходна обука. 

Реклама