Германија ќе дозволи патувања за 31 европска земја од 15 јуни | Свет | DW | 26.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германија ќе дозволи патувања за 31 европска земја од 15 јуни

Германската влада утре ќе одлучува за планот да се укине предупредувањето за туристичко патување во 31 европска земја од 15 јуни. Северна Македонија и другите од Западниот Балкан не се опфатени со планот.

Владиниот предлог-документ ги опфаќа сите 26 земји-членки на ЕУ, плус Велика Британија, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Во него се наведува дека одлуката за укинување на патничките ограничувања треба да се донесе доколку развојот на пандемијата тоа го дозволува.
На 17 март годинава, шефот на германската дипломатија Хајко Мас прогласи глобално предупредување за патување во период кога во земјата и светот се воведоа засилени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Повлекувањето на патничките ограничувања се случува во пресрет на туристичката сезона и со него ќе се овозможи патување за летните одмори во рамките на Европа. Со планот засега не се опфатени државите од Западниот Балкан и Турција.
Досегашното општо предупредување ќе биде заменето со индивидуални совети за патување со кои ќе се наведуваат ризиците за секоја поединечна држава.

„Ревитализацијата на туризмот е важна како за патниците и за германската туристичка индустрија, како и за економската стабилност на другите држави“, се наведува во предлогот.

Заради заштита на туристите, германската влада ќе и предложи на ЕУ да се усвојат заеднички критериуми. Берлин предлага да се договори граница од 50 новозаболени на 100.000 жители во текот на седум дена за сите европски држави, и доколку таа бројка се надмине повторно да се воведуваат рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот.

DW.COM

Реклама