Германија ја убедува Франција за отворање ЕУ-преговори со Македонија | Македонија | DW | 25.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германија ја убедува Франција за отворање ЕУ-преговори со Македонија

Вложуваме голема енергија во убедување на нашите француски пријатели за почеток на пристапните преговори, вели пратеникот во Бундестагот, Јохан Вадефул од ЦДУ во интервју за ДВ.

Јохан Давид Вадефул, пратеник во германскиот Бундестаг од партијата на канцеларката Ангела Меркел, Христијанско демократската унија, во интервју за Дојче веле пред претстојниот самит на ЕУ и Советот на ЕУ за општи работи, кој заседава денеска и утре, уште еднаш ја истакнува германската поддршка за одредување датум за почеток на преговори за Македонија. 

„Нѐ радува што во спорот околу името конечно е постигнат договор, за кој многу се надевам дека ќе биде одобрен на народниот референдум во Македонија. Од 2009. година ние сме на мислење дека треба да започнат пристапните преговори со Македонија, иако од државноправен аспект таму има уште многу да се направи околу сузбивањето на корупцијата. Но оваа земја заслужува веќе работата да се придвижи, а ние имаме желба притоа да вложиме секаков можен придонес.

Благодарни сме многу што грчката и македонската влада на ваков начин си излегоа во пресрет. Според мене, важно е и тоа што станува збор за земја во која постои силно албанско малцинство со кое со Охридскиот е постигнат добар договор. За мене изгледа од посебно значење нашата влада да поддржи една ваква земја, која се обидува да направи извесен баланс меѓу етничките групи и во тоа успева.“

Повеќе: 

Германската влада препорача отворање ЕУ- преговори со Македонија

Мас-Димитров: Германија „апсолутно подготвена да помогне“

Вадефул истакнува дека и Македонија и Албанија, од германски аспект, се чекор понапред во поглед на прашањето за почеток на пристапни преговори, а притоа вели: „При сите критички забелешки, посебно во однос на Албанија, сакам да кажам: нас Германците, во тие рамки и пратеничката група на ЦДУ и ЦСУ, нѐ радува што имаме пријателски контакти со Албанија, што е земјата изразито проевропски настроена, и сакаме на позитивен начин да го придружуваме патот во насока на Европа. Ние вложуваме голема енергија во убедување на нашите француски пријатели за почеток на пристапните преговори на овие земји,“ потенцира Вадефул во интервју за ДВ.

Германската влада, преку писмо упатено до германскиот Бундестаг од германското МНР минатата недела изрази поддршка за одредување датум за почеток на преговори со Македонија на ЕУ Советот и самитот следната недела.

„Одобрувањето (на одредувањето датум за почеток на преговори, н.з.) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Сепак, условеноста мора да биде задржана", се наведува во писмото.
Германската влада во препораките притоа прави и јасна дистинкција меѓу Македонија и Албанија. За Тирана се препорачува условно отворање на преговорите, дури откако ќе се спроведат цела серија реформи.

Освен од Германија, Македонија доби поддршка и од холандскиот парламент, а засега единствено задршки во однос на одредување датум за пристапни преговори со ЕУ и натаму има Франција.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама