Германија ја продолжува вонредната дозвола за доаѓање на работна сила од Балканот | Информации и анализи за Германија | DW | 21.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија ја продолжува вонредната дозвола за доаѓање на работна сила од Балканот

На државјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, С.Македонија, Црна Гора, Србија и на Косово и натаму ќе им биде овозможено, независно од квалификациите да дојдат на работа во Германија

Вонредната дозвола која овозможува доаѓање на економските мигранти од државите од Западен Балкан во Германија, ќе биде продолжена. Според нацртот на одредбата, достапен на германската новинска агенција ДПА, германското Министерство за труд би требало да ја продолжи таканаречената Регулатива за Западен Балкан, така што таа ќе важи до 2023 година.

Тоа значи дека на државјаните од С. Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово и натаму ќе им биде овозможено, независно од формалните квалификации за добивање на работното место, да смеат да допатуваат на работа во Германија.

Предвидениот годишен вкупен контингент за доаѓање на луѓето од Западен Балкан во Германија изнесува 25.000. Министерството за труд соодветниот нацрт го проследи до германската влада на усвојување.

Повеќе:

-Барање за намалување на работниците од Западен Балкан во Германија

-На работа во Германија само со призната квалификација и обезбедено работно место

-Се бара продолжување на Западнобалканското правило за работа во Германија

Државјаните од земјите на Западен Балкан од јануари 2016 година можат да добијат работна виза во Германија, дури и без познавање на германскиот јазик и без професионални квалификации.

Предуслов е поднесувачот на пријавата да покаже договор за работа со работодавач во Германија и да постои согласност од Сојузната германска канцеларија за вработување.

Не запира потребата за работна сила од Балканот

Оваа посебна регулатива е воспоставена поради големиот број азиланти и требаше да престане да важи на крајот на декември годинава. Според истражувањата на Институтот за пазарот на труд и професионално вработување, 58 насто од работната сила од Западен Балкан работат во Германија како квалификувани и висококвалификувани работници, како специјалисти или експерти.

Во моментов не е јасно дали ќе дојде до планираното продолжување на регулативата за работна сила од Западен Балкан. Причина е скептичноста, главно од демохристијанските партии ЦДУ и ЦСУ, предизвикана поради пандемијата со коронавирусот и поради стравот од зголемување на бројот на невработени во Германија.Голем број од работниците од земјите од Западен Балкан, како што велат во круговите во германската влада, се вработени во градежништвото. Тука засега „не постои тренд кој би укажал на намалување на потребите за работна сила“.

 

Поврзана содржина

Реклама