Германија ја поддржува визната либерализација за Македонија | Германија | DW | 11.06.2009
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија ја поддржува визната либерализација за Македонија

Државниот секретар во македонското министерство за надворешни работи, Абдулкадар Мемеди, во Берлин, водеше разговори околу визната либерализација.

default

Визната либерализација беше централна тема на политичките консултации што во Берлин ги имаше државниот секретар во македонското министерство за надворешни работи Абдулкадар Мемеди.

„Од моите германски соговорници уште еднаш бев уверен дека Германија безрезервно ја поддржува Македонија во визната либерализација и, воопшто, во евроатлантското интегрирање. Патувам во Брисел, каде во својство на координатор на тимот за визна либерализација ќе дискутираме за последниот извештај што на 15-ти овој месец ќе биде разгледан и одСоветот на министри на ЕУ“, изјави за Дојче Веле државниот секретар Абдулкадар Мемеди. Тој во изминатите два дена, во германската престолнина, разговараше за визната либерализација и, притоа, потсети дека задолжената комисија од Европската унија мошне позотивно ги оцени постигнувањата на стандардите во блоковите 1, 3 и 4 што се однесуваат на биометриските пасоши, интегрираното гранично управување и миграциите и реадмисијата.

Забелешки од Брисел не се очекуваат

Абдулкадар Мемеди на прашањето - дали на денешните разговори во Брисел може да има забелешки кои би се попречиле на очекуваното преместување на

Antrag auf Visum

Македонија од црната на белата шенген листа, одговара:

„Јас не очекувам од Брисел некои конкретни забелешки. Има препораки, не од Брисел туку од другите земји членки на ЕУ, дека постигнувањето на овие стандарди не значи дека Република Македонија тука треба и да застане, туку дека овој процес е континуиран и РМ треба дополнително да го усовршува.“

Мемеди смета дека критика не треба да се очекува туку, можеби, само „препопраки за зајакнување на капацитетите во однос на интегрираното гранично управување“. Абдулкадар Мемеди, покрај политичките разговори, вчера (10.06.2009) имаше обраќање и на конференцијата посветена на иднината на конвенционалната контрола на вооружувањето во Европа.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM