Германија: Укинато предупредувањето за патување во делови од Турција | Свет | DW | 05.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германија: Укинато предупредувањето за патување во делови од Турција

Турската влада го бараше ова веќе некое време и укажуваше на безбедносните концепти за спречување на ширењето на коронавирусот. Германската влада сега даде зелено светло за патувања на одмор на турскиот југозападен брег.

Германските власти делумно го укинаа предупредувањето да не се патува во Турција, што со недели го бараа властите во Турција чиј туризам зависи од гостите од Германија.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека го укинува официјалното предупредување за туристички патувања во турските провинции Анталија, Измир, Ајдин и Муглу, на западниот, егејски брег од земјата, кои се омилени одморалишта на Германците.

Корона-тест пред враќањето од Турција

Министерството наведе дека го укинува преупредувањето за 4 турски провинции под услов „строго да се почитува глобалната концепција за туризам и хигиена по налог на турската влада“. 

Гледај видео 01:47

Иднината на патувањето со авион

„Тоа, меѓу останатото, подразбира задолжителен ПЦР тест за сите патници кои од Турција се враќаат во Германија“, се наведува во соопштението и се додава оти тестот не смее да биде постар од 48 часа.

Повеќе:

-Задолжителни корона-тестови при влез во Германија - прашања и одговори

-27 различни правила за патување во ЕУ

-Од С.Македонија во Германија: гратис корона-тест на аеродром

Тестот за патниците во лабораториите чини 15 евра, а на аеродромите 30 евра.Ако со тестот пред враќањето во Германија се утврди дека некој е позитивен на коронавирусот, останува во карантин или на лечење во Турција.

Притисок од Анкара

Турција досега беше на списокот на кои се наоѓаат 160 земји надвор од ЕУ и Шенген зоната за кои до 31 август важи предупредувањето да не се патува поради коронавирусот. Германија сега направи исклучок, откако владата во Анкара со недели наназад го притискаше Берлин на ваков чекор, укажувајќи на строгите безбедносни концепти во турските одморалишта за спречување на ширењето на коронавирусот.

Поврзана содржина

Реклама