Германија - Техничката рецесија како сигнал за тревога | Информации и анализи за Германија | DW | 14.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија - Техничката рецесија како сигнал за тревога

Така е како е: германската економија само лази. Акционизам сега не помага, туку само мудри постапки. Од политиката и од бизнисот, вели Хенрик Беме.

На стопанството му оди лошо и сите се плашат да го изустат злокобниот збор- рецесија. Но, исто така не е од помош да не се види вистината. Во германската индустрија - важен столб на германската економија - одамна има рецесија. Сè повеќе компании сакаат да го намалат своето производство во наредните месеци, и песимистите преовладуваат над оптимистите. Постојат многу причини за тоа, и нив ги знаат сите: во прв ред трговските спорови, но и кризата во глобалната автомобилска индустрија, сè поверојатниот Брегзит без договор , а во последно време и растечките закани на Кина кон Хонгконг. Експлозивна мешавина.

Затоа, оваа бројка, која денес ја објавија сојузните статистичари од Визбаден - 0,1 процент помалку економско остварување во вториот квартал отколку во првите три месеци од годината - е сѐ освен изненадување. Се разбира дека е точно и да се претпостави дека и тековниов квартал во никој случај нема да биде подобар, така што ќе дојде следниот минус и потоа работата ќе гласи: германската економија се наоѓа, така да се каже, официјално во рецесија. Економистите пак по два последователни негативни квартали, како што е случајот сега, зборуваат за „техничка рецесија“.

Сосема нормален развој

Така што,  рецесијата ќе се случи. Но, дури и тоа нема да биде причина да се западне во паника, па дури и во акционизам и барања за програми за стимулирање на економијата. Постои едноставна причина за тоа: овој пад на економијата иако е предизвикан од специфични фактори (види погоре), е совршено нормална приказна. Особено по толку долг период на стопански полет, каков што доживеа Германија во изминатата деценија. Конјунктурата се состои од циклуси, а тоа се брановидни линии, а не целосно прави линии од долу лево кон горе десно.

Повеќе: 

Странските инвеститори губат интерес за Германија

-Изненадувачки удар за германското стопанство

-Автоиндустријата пред дилема: трансформација или пропаст

Зошто е важен ваквиот пад? Многу компании во земјата во последните неколку години работеа со полна пареа. Честопати не можеа да ги обработуваат сите нарачки. Згора на тоа од сите страни доаѓаа жалби за недостаток на квалификувани работници. Сега, во услови на застој, вишокот на капацитете од времето на полетот ќе се намали, и компаниите ќе се насочат кон нормален обем на работа.

Boehme Henrik Kommentarbild App

Хенрик Беме, автор на коментарот

Потребен е инвестициски пакет

И загриженоста за големи бранови отпуштања, во моментов, е сѐ уште целосно неоправдана. Се разбира, звучи заканувачко кога големите компании како Бајер, БАСФ или Фолксваген објавуваат дека сакаат да укинат илјадници работни места. Но, германската економија, тоа не се големите компании, туку пред сѐ илјадниците мали и средни претпријатија. Никогаш досега, толку многу луѓе во Германија немале постојано работно место како во моментов - а истражувачите на пазарот на трудот сè уште пријавуваат речиси 1,4 милиони слободни работни места.

Така што навистина неопходно во моментов не се програми за вработување туку брзо даночно растоварување на вработените. Затоа што минусот во економското остварување во секој случај ќе беше поголем, ако таканаречената внатрешна побарувачка ( што ќе рече: Луѓето треба да консумираат!) не беше толку силен столб. Сега, кога лошите вести од стопанството ги прават луѓето попретпазливи при давањето пари или претпријатијата при инвестиците, можеби министерот за финансии конечно мора да го одврзе кесето. Никому не му е потребна таканаречена „црна нула“ или со други зборови избалансиран државен буџет. Она што сега е потребно се инвестиции и стимулирање на потрошувачката. Германија, впрочем, бележи гигантски инвестициски застој во инфраструктурата.

Затоа предлози како оној на реномираниот економист Михаел Хитер се за поздравување. Тој имено предлага таканаречен Германски фонд, тежок 450 милијарди евра, на период од десет години. Тој би се финансирал од сојузни обврзници,  а парите би се инвестирале во сообраќајот, брзиот интернет, домувањето, образованието и во заштитата на климата. Од такво нешто за секого  би имало некаква полза. Само стравувам дека за нешто такво во моменто имаме погрешна влада.

 

DW.COM

Реклама