Меркел: Германскиот напад врз Советскиот Сојуз е „повод за срам“ | Информации и анализи за Германија | DW | 19.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Меркел: Германскиот напад врз Советскиот Сојуз е „повод за срам“

Канцеларката Ангела Меркел на неколку дена пред 80-годишнината од германскиот напад врз Советскиот Сојуз оцени дека тоа бил „повод за срам“.

Германскиот напад пред 80 години врз тогашниот Советски Сојуз, според канцеларката Ангела Меркел, е „повод за срам“. „Понизно се поклонуваме пред преживеаните од овој воен напад, чиј број денес е мал“, вели германската канцеларка во видео-подкастот објавен денеска.

Таа додава: „Најдлабоко сме благодарни што многу од овие луѓе ни подадоа рака за помирување. Тоа што беа подготвени на такво нешто граничи со чудо по сѐ што Германците им направија.“

Во вторник, 22 јуни, се навршуваат 80 години од нападот на нацистичка Германија врз тогашниот Советски Сојуз. Пред сѐ политиката на Михаил Горбачов им овозможи на Германците повторно обединување и развој на општествените врски помеѓу двете земји.

„Дотолку повеќе нѐ боли што цивилноопштествениот ангажман во Русија во последно време, но и во Белорусија, е соочен со ограничувања, па дури е и оневозможен. Кога се затвораат мирни демонстранти и неомилени опозиционери, тоа тешко ги оптоварува нашите односи“, вели во својот видео-подкаст канцеларката Ангела Меркел, нагласувајќи дека сепак е и натаму потребен дијалог со Русија.

Поврзана содржина