Германија со суфицит од дури 19 милијарди евра | Економија | DW | 12.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија со суфицит од дури 19 милијарди евра

И покрај бегалската криза, Германија минатата година ја заврши со плус од над 19 милијарди евра. Министерот за финансии Шојбле бара тие да се употребат за намалување на долгот.

Германската држава во текот на 2016-та година оствари плус од 19,2 милијарди евра. Според наводи на Министерството за финансии во Берлин, суфицитот се должи на „робустниот развој на конјункутрата“ и исклучително малиот број на невработени. Брутодомашниот производ во 2016 година се зголемил за 1,9%, соопшти Сојузниот завод за статистика.

Министерот Волфганг Шојбле сепак признава дека плусот од 19 милијарди евра е последица и на „посебни услови“, како ниските камати кои германската држава ги плаќа за своите долгови.

Wolfgang Schäuble Bundesfinanzminister (picture-alliance/dpa/M. Kappeler)

Шојбле бара суфицитот остварен во сојузот за се употреби за раздолжување

Со оглед на можниот раст на каматите во иднина, Шојбле се залага парите од суфицитот да бидат употребени за раздолжување. „На Бундестагот ќе му предложам суфицитот кој го оствари сојузот од 6,2 милијарди евра да биде употребен за намалување на задолжувањето“, рече Шојбле. Според негова оценка, дебатата која веќе се води околу можно намалување на даноците поради суфицитот, е „неразумна“.

Социјалдемократите, пак, бараат инвестиции. Експертот на СПД за буџетски прашања, Јоханес Карс, бара растоварување на луѓето со ниски или средни примања, како и подобро опремување на полицијата, службата за техничка помош и царината.

Експертите проценуваат дека Германија и 2017 година ќе ја заврши со суфицит. Но, веќе наредната, 2018 година, суфицитот би можел да се претвори во дефицит, поради раст на издатоците, како на пример за пензии, стравува Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ).

DW.COM

Реклама