Германија: Се бара закон за доселување поради хроничниот недостиг на работна сила | Економија | DW | 27.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Германија: Се бара закон за доселување поради хроничниот недостиг на работна сила

На Германија ѝ се заканува огромен недостиг од стручна работна сила, опоменува шефот на германската агенција за работа Детлеф Шеле. Тој бара закон за доселување како решение за проблемот.

На Германија, поради недостигот од стручњаци, ѝ е итно неопходен закон за доселување, смета првиот човек на Сјузната агенција за работа (БА), Детлеф Шеле. Тој за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ вели дека на државата ѝ е неопходно доселување на околу 300.000 квалификувани работници секоја година. Само со работници од ЕУ оваа потреба нема да може да биде задоволена на долг рок, оценува Шеле.

Deutschland Detlef Scheele gibt Arbeitsmarktzahlen für August 2017 bekannt (picture alliance/dpa/D. Karmann)

Детлеф Шеле бара закон за доселување

Законот за доселување не би имал ништо со бегалците кои би доаѓале во земјата од хуманитарни причини, туку би се однесувал на луѓето кои би требало да дојдат и да работат во Германија, нагласува тој, барајќи државата да направи критериуми за доселување на ваквите работници. Закон кој би создавал можност за борба против недостигот на стручна работна сила би требало да се донесе во наредниот легислативен период, бара шефот на БА. Според него, во Агенцијата за работа веќе е основан нов оддел „Интернационал“, кој во наредните шест месеци би требало да подготви стратегија за носење работници од странство.

Повеќе на темата:

Македонците најмалку чекаат за работна виза за Германија

Економски мигранти во Германија: Не успеваат сите

Што ги очекува македонските лекари во Германија?

На носење закон за доселување инсистираат и социјалдемократите, кои во јануари би требало да почнат сондирачки разговори за евентуална голема коалиција со партиите на Унијата. И ЦДУ и ЦСУ во својата изборна програма се залагаат за законско регулирање на доселувањето стручњаци, но плановите на Унијата се далеку потесни од оние на СПД.

Гледај видео 02:40

#DE_facto: Како до работа во Германија?

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама