Германија: Ромите жртвите на дискриминација и расизам | Информации и анализи за Германија | DW | 02.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија: Ромите жртвите на дискриминација и расизам

Исти образовни шанси за сите во Германија? Студија на Здружението РомноКер покажува напредок во подготвеноста за образование кај најголемото европско малцинство, но и дискриминација

„Ти си никој и ништо, за ништо не те бива“, со векови важи ваков начин на обраќање кон ова малцинство, некогаш суптилно, а некогаш отворено, вели Себастијан Куртиси за Дојче веле, еден од анкетарите во изработката на студијата на РомноКер меѓу староседелците и имигрантите Синти и Роми. РомноКер е здружение на Синти и Роми, кое би требало да ја одржи нивната култура и идентитет, а неговата студија ја поддржа Фондацијата сеќавање, одговорност и иднина (ЕВЗ).

Научно се обработени 614 интервјуа. Куртиси е исто така припадник на малцинството кое брои околу 6,3 милиони луѓе во ЕУ со заеднички ромски јазик – романес. Државите-членки на ЕУ се повикани експлицитно да го поддржат учеството на Ромите во образованието, а 80 % од испитаниците него го сметаат за многу важно.

Зошто мислите дека сум таков?

Себастијан Куртиси е Ром роден во Македонија и израснат во Србија. Завршил техничко училиште и со 17 години со родителите избегал во Германија. Во меѓувреме има германски пасош. Работел во Ахен во постројка за десулфуризација, а денес е социјален работник и советува луѓе кои се приматели на социјална помош Харц 4. Во еден момент го сфаќате обемот на предрасудите кон нас, вели тој: „Тоа е народ на крадци, музиканти, гатачи и просјаци... Зошто мислите дека и јас сум таков?“

Авторите на студијата укажуваат на расизам, антициганизам и дискриминација. 40 % од испитаниците зборуваат за дискриминација на нивните деца, воедно и од наставниците и од учениците, две третини се чувствуваат дискриминирани, и во образованието. Но, таму каде наставниците имаат поголеми очекувања од децата од малцинствата, тие деца во просек постигнуваат добри резултати.

Тоа може да го потврди и Марија Шуекер-Вајс, припадничка на народот на Синти и Роми која исто така работела во студијата како анкетар. За Дојче веле таа зборува за мајка на син на која поради германското презиме ѝ се обраќаат најнормално. Но кога таа и сопругот ќе се појават во училиште, со „црна коса и темен тен на кожата“, им поставуваат чудни прашања. Одеднаш детето мора да оди на дополнителна настава, иако е добар ученик.

Гледај видео 02:16

#dw_BalkanBooster: Кога Ромите музицираат...

„Тоа често го доживувам“, вели Шуекер-Вајс. Многумина велат дека децата без оглед на добрите оценки добиваат лоши препораки за натамошно школување. Нејзината родена ќерка која учи во гимназија рекла: „Среќна сум што имам руса коса и сини очи“. Затоа не мора никому ништо да објаснува.

Имаше голем револт кога неодамна полицијата привела 11-годишно момче со лисици на рацете без да ги информира родителите.

Страшни разлики во однос на останатото население

Во однос на поранешни истражувања и претходни генерации, РомноКер студијата покажува напредок во образованието, вели за ДВ Карин Куда, педагог на Европскиот универзитет во Фленсбург и една од авторите на студијата. 

Во меѓувреме сите деца од малцинствата посетуваат настава во основно училиште, но „голем број испитаници и натаму од училиште заминуваат со празни раце“ – секое трето дете не го завршува училиштето, што значи нема никакво занимање, па потоа добива само лошо платени работи. Кај најмладите испитаници има двојно помалку без диплома, но и тоа е ногу повеќе од просекот на вкупното население – само пет проценти возрасни во Германија немаат завршено училиште.

Без оглед на сиот напредок кај младите испитаници, се покажува „застрашувачка разлика во однос на просекот на државно ниво“. Помалку деца одат во градинка, многу малку завршуваат училиште или факултет.

Гледај видео 04:36

Ромот кој предава бугарски јазик во Кобленц

Додека 15 проценти од испитаниците под 30 години завршуваат училиште, само 4 % проценти завршуваат факултет. Една од причините е што семејствата не можат да ги поддржат децата и не наоѓаат пристап до помошта, покажало испитувањето.

Долгорочни последици од нацистичкиот прогон

Соосновачот на Здружението РомноКер, Даниел Штраус во 2011 година ја направил првата студија за образованието на ова малцинство. Неговиот татко, раскажува Штраус за ДВ, е еден од ретките кои го преживеале холокаустот, останал неписмен поради забраната за школување за ова малцинство. „Затоа се грижел неговите деца да учат“, вели Штраус.

Повеќе на темата:

ЕУ: Не се успеа со рамноправноста на Ромите

Ромите се посебно на удар кога општествата се поларизираат

Ромите во Германија: Како да се излезе од улогата на жртва?

Ромите и Синтите бараат признавање - сојуз против антициганизмот

Но, 50 % од преживеаните своите деца не ги испратиле во училишта, поради „истите расистички тенденции, исто школско раководство, исти наставници кои им предавале на родителите.“ Така уште една генерација останала без образовни можности.

Кога германската држава ја одбила целната поддршка која ја бара ЕУ, аргументирајќи дека нејзиното образование е отворено за сите, тој рекол: „Не секој го преживеал геноцидот.“ За исти шанси е потребна експлицитна поддршка на повеќе генерации. Затоа организации на ова малцинство основале проекти за медијација. 

Каде е она позитивното за Ромите и Синтите?

Авторот на студијата Франк Ројтер вели дека ова малцинство е опишувано како поинакво многу пред нацистичкиот прогон во цела Европа, дека потоа продолжил институционалниот антициганизам, се додека геноцидот над ова малцинство не бил признат, до 1982 година.

Гледај видео 01:47

Ромите- најбројно малцинство во Европа

Тој цитира син на еден преживеан: „Децата ме пцуеја како ‘нечист Циган'. Одделни наставници беа некогашни нацисти.“ Ројтер вели дека некои школски учебници и денес шират стереотипи за ова малцинство и речиси нема позитивни наративи.

Би било добро ако општеството му советува на образовниот систем во наставниот план да вклучи и приказни за прогон и успех, разноликост на културата на Синти и Роми и ромски јазик. Засега тоа е само спорадично.

Поддршка на малцинството

Даниел Штраус напоменува дека овие теми веќе се вклучени во наставните планови и програми во покраината Баден Виртемберг. Но, сепак никој не се пријавил за понуденото дошколување. Затоа тој бара основање на фонд за образование за Германија, повеќе информации за идентитетот, културата и антициганизам и поголема поддршка: „за заедно со малцинството и на исто ниво нешто да се развие.“

Би требало уште во градинка да се оживее културниот идентитет, исто како со лужичките Срби или данското малцинство. Би требало да биде видна комплетната разноликост на малцинството. „Еден Баварец не е само Баварец, туку и жена, маж, католик, евангелист, муслиман, Евреин, висок, низок, дебел или слаб. Кај малцинствата има поинакво чувство: ‘ако познаваш еден, ги знаеш сите'. А тоа не е така!“

 

Реклама