Германија: Пребрзо и непретпазливо отворање на училиштата? | Информации и анализи за Германија | DW | 08.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија: Пребрзо и непретпазливо отворање на училиштата?

По затворањето на двете училишта во германската покраина Мекленбург- Предна Померанија, поради случаи на Ковид-19 се множат критиките за недоволни подготовки за стартот на учебната година во услови на пандемија.

Германскиот совет на родители упати критики до германскиот министер за образование и на неговите ресорни колеги од германските покраини. Актуелните случаи на Ковид-19 во две училишта во покраината Мекленбург- Предна Померанија каде веќе започна новата учебна година за жал покажуваад дека училиштата бие отворени пребрзо и непретпазливо, изјави претседателот на Советот Штефан Васмут за весникот „Велт“. 

„Не лути тоа дека министрите за образование пристапија толку опуптено и не ги искористија летните одмори за разумна подготовка на безбедна настава и во корона-времиња“, истакна Васмут. 

Гледај видео 01:04

Ковид-19: Импровизирани прегради за безбеден училишен ден

Според него Советот на родители со недели наназад се залагал за разделување на одделенијата за во случај на појава на случаи на Ковид-19, во карантин да мора да бидат испратени помалку ученици.

Повеќе:

-Две училишта во Германија затворени по неколкудневна настава

-На училиште и покрај Ковид-19: како ќе функционира тоа?

-За што ќе заѕвони– за онлајн, офлајн или комбинирана настава?

Во Мекленбург-Предна Померанија вчера локалните здравствени органи, само четири денови по стартот на новата школска година, затворија две училишта поради појава на случаи на коронавирусот. Станува збор за едно основно училиште, каде од вирусот е заразен еден ученик и кое ќе остане целосно затворено две недели и за едно средно училиште, каде е заразена наставничка и кое делумно ќе биде отворено во наредната среда. 

Сепак за претседателката на сојузот на германски лекари „Марбургер Бунд“ , Сузане Јона враќањето во редовната настава на училиштата е исправна одлука: „Наставата во училиштата е голема манифестација, коа мораме да си ја дозволиме“, изјави таа за весникот „Нојен Оснабрикер Цајтунг’. 

Јона смета дека најголемиот дел од училиштата во Германија развиле добри хигиенски концепти, така што враќањето на настава е оправдано и исправно. 

Таа, пак, ја критикуваше како неразумна одлуката за носење на заштитна маска и за време на наставата. „Ако сите седат на своите места и е осигурана физичка дистанца, носењето на маски за време на наставата воопшто нема смисла и би било одвишна пречка“, изјави Јона за весникот. 

Носењето маска, според неа, има смисла тогаш кога станува тесно- на пример при напуштањето на училницата, пред училишниот киоск или во школскиот двор, кога повеќе оддделенија се на мал или голем одмор. 

Инаку во Германија, три дена по ред се регистрирани преку 1000 нови случаи на Ковид-19. Последен пад во пандемијата таков беше случајот на почетокот на мај. 

 

 

Реклама