Германија: по 1.200 евра за бегалците кои доброволно ќе заминат | Свет | DW | 02.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија: по 1.200 евра за бегалците кои доброволно ќе заминат

Започна со функционирање програмата за финансиско стимулирање на бегалците кои ќе одлучат доброволно да си заминат од Германија, често и пред да биде донесена одлука за статусот на нивната апликација за азил.

Прогрмата „Старт Хилфе Плус“ што може да се преведе како „почетна помош плус“ започна да функционира во средата. Администрирана од Федералната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ) во соработка со Меѓународната организација за миграција (ИОМ), иницијативата има за цел финансиски да ги награди барателите на азил доколку одлучат да се вратат во своите матични земји. 

Обезбедени се околу 40 милиони евра наменети за финансиско стимулирање на барателите на азил.

„Во 2016 годинa, околу 55.000 луѓе доброволно се вратија во своите татковини – тоа е зголемување споредено со претходната година (околу 35.000 во 2015). Имаме добри услови (за дополнително зголемување на доброволните враќања) со нашиот дополнителен буџет“, изјави Јута Корт, која официјално го презеде водството на БАМФ во средата.

БАМФ се соочува со 430.000 необработени апликации за азил, што Корт го опиша како „предизвик".

Стимул за брзо заминување

Во рамките на повеќеслојниот систем „Старт Хилфе Плус“, луѓето кои имаат мали шанси да добијат азил во Германија ќе бидат наградени доколку заминат, особено доколку го сторат тоа пред да биде завршена процедурата при аплицирање за азил. 

Луѓето постари од 12 години кои ќе ја повлечат апликацијата за азил пред да се донесе одлука за нивниот случај ќе добијат 1.200 евра. На оние на кои барањето за азил ќе им биде одбиено ќе добијат 800 евра доколку се согласат да не ја обжалат таквата одлука и наместо тоа ја напуштат Германија пред крајот на дадениот временски рок. Дополнителни исплати се предвидени за семејства и деца под 12 години, а исто така и за мигранти кои имаат привремена дозвола за престој во Германија.

Програмата има предвидено одредени рестрикции кои имаат за цел да се намали ризикот од нејзина злоупотреба. Луѓето од одредени земји или региони, вклучувајќи го и Западен Балкан, не се опфатени. Исто така, апликантите за азил кои сакаат да ја користат оваа програма не смеат да имаат сопствени средства. Сириските граѓани не можат да аплицираат.

Критика за бонусот за заминување

Програмата „Старт Хилфе Плус“ се соочи со критика од организацијата за социјална благосостојба на германските протестантски цркви.

Дитрих Екеберг, експерт од организацијата изјави дека има „невкусна количина на политички притисок“ да се наведат што е можно повеќе луѓе кон системот за доброволно напуштање на земјата.

Bundesamt für Migration und Flüchtlinge BAMF (picture-alliance/dpa/A. Weigel)

Германските власти сакаат да охрабрат поголем број на баратели на азил да се заминат доброволно.

„Сметам дека оваа регулација е спорна затоа што е дизјанирана да ги спречи резултатите од апликациите за азил да бидат обжалени пред судовите“, изјави Екеберг, додавајќи дека во реалноста, ваквиот „бонус за заминување“ ги разгорува предрасудите кон мигрантите и бегалците и реално не им помага на луѓето да се реинтегрираат кога ќе се вратат во сопствените земји.

Поефтино отколку депортација

Повеќе од милион бегалци и мигранти пристигнаа во Германија во последните две години. Според резултатите од истражувањето спроведено од БАМФ, патот на бегалците до Германија чини околу 7.100 евра и во просек трае 35 денови.

Иако на многумина по пристигнувањето им се доделува статус на бегалци затоа што бегаат од војна или политички прогон, на оние кои доаѓаат поради економски или други причини им се одбиваат апликациите и тие мора да се вратат назад. Германија прогласи неколку земји како „безбедни земји на потекло“, во кои се вклучени Мароко, Тунис и Алжир.

„За сите оние кои немаат шанса да останат во Германија, доброволното заминување е подобра опција од депортација“, изјави министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер.

За властите се исплатливи плаќањата кон мигрантите и бегалците кои треба да се вратат во сопствена режија затоа што депортирањето е поскапо. Други финансиски стимули за доброволно враќање на мигрантите веќе подолго време се користат во Германија на национално и на регионално ниво. Слични видови на стимулирање се користат и во ЕУ.

DW.COM

Реклама