1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија оди во едномесечен „локдаун“

БГ /РТР
28 октомври 2020

Германските власти од понеделник ќе воведат едномесечни ограничувања на јавниот живот кои вклучуваат затворање на рестораните, театрите и вежбалните поради напливот на новозаразени со коронавирус.

https://p.dw.com/p/3kZ2h
Berlin Kanzlerin Merkel PK zu Corona-Maßnahmen
Фотографија: Fabrizio Bensch/Pool/REUTERS

„Потребно е да реагираме веднаш“, изјави канцеларката Ангела Меркел додавајќи дека клучот за надминување на актуелната „многу сериозна“ ситуацијае во намалување на контактите со ограничување на штетата за економијата.
Почнувајќи од понеделник, 2 ноември, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства. Рестораните, баровите, театрите, кината, базените и вежбалните ќе бидат затворени, а концертите откажани.
Професионалните спортски настани ќе се одржуваат зад затворени врати. На граѓаните им се препорачува да не патуваат од приватни или причини кои не се неопходни, а престојот во хотелите ќе биде дозволен само за неопходни бизнис патувања. 

- повеќе на темата: Најлошо сценарио: Што ако се зарази цела влада? 

Училиштата и градинките ќе останат отворени, како и продавниците, со строго почитување на мерките за социјална дистанца и хигиена.
Владата ќе обезбеди пакет од 10 милијарди евра помош за фирмите кои ќе мора да затворат или ќе бидат во загуба поради мерките. Помалите фирми, до 50 вработени, ќе добијат 75% од минатогодишните приходи за месец ноември.
Иако досега добро се справуваше со коронавирусот, Германија последните денови почна да бележи рекордни бројки на новозаразени. Во последните 24 часа, регистрирани беа 14,964 новозаразени, што може да го доведе до колапс здравствениот систем, предупреди Меркел.
„Нашиот здравствен систем се уште може да се справи со овие предизвици, но со оваа брзина на инфекции ќе го достигне лимитот на својот капацитет за неколку недели“, вели германската канцеларка.
Здравствените власти веќе сега не се во можност да го следат потеклото на заразата кај 75% од инфицираните, па поради тоа е се потешко да се развијат адекватни мерки за заштита.

„Некаде мораме да ги намалиме контактите. Ако чекаме подолго, ќе мораме уште повеќе да ги редуцираме контактите“, рече Меркел.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема