1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Verladung  Panzer nach Litauen
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Германија не му должи на НАТО

НД/ дв
20 март 2017

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин му должи „огромна сума пари“ на НАТО.

https://p.dw.com/p/2ZWjE

Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека „нема сметка на која се регистрирани долгови кон НАТО“, одговарајќи на обвинувањата на американскиот претседател Трамп, кој ја обвини владата во Берлин дека ѝ должи на воената алијанса.

Министерката за одбрана го стави под прашање начинот на кој се пресметува трошењето за одбраната, велејќи дека финансиската обврска на државата кон воената алијанса не треба да биде единствениот показател.

Во саботата, претседателот на САД Доналд Трамп, само неколку часа по средбата со канцеларката Меркел, на Твитер напиша дека Германија му должи на НАТО „огромна сума пари“. 

САД бараат повеќе пари

Тој додаде дека на Вашингтон „мора да му биде платено повеќе за моќната и многу скапа одбрана која ѝ ја пружа на Германија“.

По започнувањето на неговата кампања за претседател на САД, Трамп редовно го користеше Твитер за да даде остри забелешки со кои ги најавуваше промените на правците на домашната и надворешната политика. Но, недостатокот од прецизност во истите често предизвикуваше забуна кај другите политичари и светски лидери.

USA Merkel und Trump suchen nach gemeinsamer Arbeitsebene
Фотографија: Reuters/J. Ernst

На средбата со Трамп, Меркел ја потврдила обврската на германската влада да ги зголеми издатоците за одбрана на 2 процента од БДП, цел која ја договорија земјите членки на НАТО во 2014 година и која треба да се постигне во рок од 10 години.

Во моментот, само 5 од 28 членки на НАТО ја исполнуваат оваа цел. Германија во моментов издвојува 1.2% од БДП.

Фон Дер Лајен инсистира на тоа дека трошењето за НАТО не треба да биде единствениот критериум кој се користи да се проценат воените напори на Германија, мислејќи притоа на учеството на Германија во мировните мисии во неколку земји и учеството во борбата против Исламска држава која ја предводи САД.

Таа изјави дека во иднина зголемените воени буџети на владата во Берлин нема да бидат насочени само за трошоците на НАТО и неговите операции, туку дека ќе бидат наменети и за учеството на Германија во мировните мисии на ОН и ЕУ.

Разумна политика

На коментарите на американскиот претседател Трамп возврати и германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел во интервју за весникот „Рајн Некар Цајтунг“: 

„Разумна безбедносна политика не е само купување тенкови и зголемување на трошоците за одбрана на екстремно високи нивоа и ескалација на трката за вооружување“, изјави тој за весникот.

„Разумна политика значи превенција на кризите, стабилизација на слабите држави, економски развој и борба против гладот, климатските промени и недостатокот на вода“, додаде Габриел.

Габриел претходно предупреди од опасноста од нова трка во вооружување со Русија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Рација против група која планирала државен удар во Германија

Рација во Германија: Планиран државен удар

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница