Германија: Нема услови за избори според европски стандарди | Северна Македонија | DW | 23.02.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Германија: Нема услови за избори според европски стандарди

Германското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека во Македонија нема услови за избори според европски стандарди. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ се повикува на одговорност.

default

„Сојузната Влада ја дели оценката на Европската Комисија во врска со состојбата на подготовките за парламентарни избори во Македонија. Потребни се понатамошни реформски чекори, пред да постои можност за избори според европски стандарди“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

„Одговорноста да се донесат потребните заклучоци врз основа на моменталната состојба на изборните подготовки, лежи кај потписниците на спогодбата од Пржино. Сојузната Влада ги повикува засегнатите партии да вложат напор, конструктивно и со потребната политичка волја да изнајдат заедничко решение, кое ќе ја придвижи земјата напред, во правец на европската интеграција“.

Во соопштението на германското МНР се потенцира дека одговорноста пред сѐ е кај владејачката партија.

„Тоа важи, пред сè, за владејачката партија ВМРО. Таа не смее да се огради од сознанието дека изборите ќе ѝ помогнат на земјата единствено ако претходно се создадат предуслови за нивно фер спроведување, согласно европските стандарди. За да се обезбедат еднакви шанси („level playing field“) за сите партии, неопходни се веродостојни избирачки списоци, медиумски реформи, кои сѐ уште не се спроведени, како и разграничување меѓу партијата и државата, кое недостига“, се наведува во изјавата на германското МНР.

Поврзана содржина

Реклама