Германија: казна од 208 илјади евра за кражба на говедски џигер | Панорама | DW | 20.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Германија: казна од 208 илјади евра за кражба на говедски џигер

Суд во Минхен му одреди казна од 208.000 евра на 58-годишен човек поради тоа што заменил говедски џигер во пакување за овошје во супермаркет. Судот оцени дека казната е оправдана поради високите примања на крадецот

Суд во германскиот град Минхен му одреди рекордна казна на 58-годишен човек кој бил фатен во кражба во еден супермаркет. Човекот бил уапсен во декември минатата година откако бил фатен како зема говедски џигер и потоа го препакува во кесичка за овошје. Потоа лицето ја искористило касата за самонаплата за да го купи месото за далеку помала цена. Судот му одреди казна од 208 илјади евра наведувајќи ги неговите високи примања и претходните дела за кои бил осудуван. Лицето било пуштено од затвор во 2017 година откако отслужило две затворски казни за затајување данок.
Властите велат дека лицето било уапсено во неговиот четврти обид да купи џигер поевтино. Вредноста на стоката за која бил осуден се движи меѓу 13 и 47 евра.

DW.COM

Реклама