1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и нацистичкото минато

Дејвид Кросланд
10 август 2017

Повеќе од 70 години по смртта на Хитлер, реликвиите на неговото владеење и натаму се откриваат во цркви и јавни објекти низ цела Германија. Треба ли да се уништат или да се сочуваат како сведоштво?

https://p.dw.com/p/2hz02
Deutschland Bronzeglocke mit Hakenkreuz in Herxheim am Berg
Фотографија: picture-alliance /dpa/U. Anspach

Кога Зигрид Петерс, органистка во 1,000 години старата селска црква во југозападна Германија, слушнала дека едно од црковните ѕвона има свастика и нацистички натпис на него, се стаписала. „Не може да крштевате бебиња под ѕвоно со натпис 'Сѐ за татковината'“, вели пензионираната учителка по музика. Младоженци и невести од Херксхајм, живописно винско село, се венчаваат со звуците на ѕвоното инсталирано во црквата во 1934 година, со децении. „Никој од нив не знаел за тоа“, вели Петерс.
Сега знаат. Контроверзата: што да се прави со нацистичкото ѕвоно во Херксхајм стигна и до домашните и до меѓународните медиуми изминативе месеци.
Црковниот свештеник, Хелмут Мајхард, не може да сфати зошто толкава врева. „Што се однесува до мене, тоа е денацификувано со самото тоа што повеќе не е поврзано со никакво почитување“.

Не го поправај, ако не е расипано

Градоначалникот Роналд Бекер се согласува и сака да го задржи ѕвонот. „Ако нешто функционира добро, зошто да го менувате?“, вели тој. Гребењето на натписот ќе го намали акустичниот квалитет, тврди тој. Тоа е историско звоно, и селото треба да си ја почитува историјата.
Црквата во Херксхајм не е единствениот случај во кој остатоци од нацистичката ера намерно се чуваат. Црква во баварскиот град Хоф, отворена во 1939 година има фреска на која е Исус, а до него човек кој неодоливо потсетува на Хитлер, со црни чизми под својата облека. Црквата одлучи да ја задржи.
Слични дебати се водат во многу други германски градови и села. Оставнината на Хитлер изненадувачки преживува во бројни цркви, јавни згради, улици, касарни, па дури и училишта.

Hitler-Geburtshaus in Braunau
Родната куќа на Хитлер во Браунау, АвстријаФотографија: picture alliance/dpa/M. Röder

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен минатата година нареди преименување на неколку касарни кои се уште носеа имиња на офицери од Втората светска војна, меѓу нив и фелдмаршарлот Ервин Ромел. В0 2014 година, училиштето „Вернер фон Браун“, именувано по таткото на ракетата В2, конечно го смени своето име.
Нацистичката пропаганда е забранета

Продаден „мобилниот“ телефон од Хитлер

Дилемата опстојува иако нацистичките симболи беа забранети во Германија веднаш по војната, а планот за денацификација на сојузниците предвидуваше нивно целосно отстранување. Беа бришени сите физички траги од владеењето на Хитлер. Огромната свастика во Нирнберг беше разнесена со ракета. Вилата на Хитлер во Берхтесгаден беше дигната во воздух, а неговата канцеларија во Берлин срамнета со земја. Се уништуваа и бункери, иако ги имаше толку многу и беа толку добро изградени, што илјадници преживеаја.

Предупредување за следните генерации

Иако некои симболи од тој период преживеале и како резултат на тивок отпор од поддржувачи на нацистите во поствоениот период, останатите не преживеале од намера, туку затоа што останале незабележани или заборавени.
Локалниот историчар од Херксхајм, Ерик Хас смета дека нацистичките симболи треба да бидат сочувани, сѐ додека не се користат за глорификација на ерата на Хитлер, и со тоа да станат предупредување за следните генерации.
„Не смееме да го туркаме нашето темно минато под тепих и да го поттиснуваме. Тоа ќе биде најлесниот начин, но според мене- погрешен. За жал многу млади луѓе не знаат многу за нацистичката ера во нашето село“, вели тој за ДВ.
Јоханес Тухел, директор на Меморијалниот центар на германскиот отпор во Берлин, е скептичен околу вредноста на нацистичките реликвии. „Според мене, овие реликвии не се важни. Не е ништо ново дека постоел процес на престројување на црквата во ерата на нацизмот. Не ви се потребни нешта за да го илустрирате тоа“, вели тој.

Deutschland Rommelkaserne in Dornstadt
Касарна која го носи името на Ервин Ромел во ДорнштатФотографија: picture-alliance/dpa/S. Puchner

Изненадувачка игнорантност меѓу младите

Но, многу млади Германци се игнорантни кон ова поглавје од ова поглавје од нивната историја, иако за тоа учат на училиште и постојано се информира преку ТВ документарци, филмови и во медиумите, вели Виланд Гибел, издавач кој постави нова изложба за Хитлер во Берлин. Гибел вели дека, судејќи според прашањата поставени за време на обиколките, бил изненаден од тоа колку неинформирани биле посетителите за нацистичката ера, а особено учениците и тинејџерите. 
„Нашето искуство покажува дека голем дел од населението не знае многу за историјата и мора постојано да биде потсетувано за тоа. „Овие нацистички реликвии се како семејна историја. Доколку ги држите во тајност лоши нешта повторно ќе почнат да се случуваат“.

Deutschland Berlin Martin-Luther-Gedächtniskirche
Резба на нацистички војник покрај Исус во црквата Мартин Лутер во БерлинФотографија: DW/D. Crossland

Гибел и неговите соработници добивале погрешни прашања, меѓудругите, и како Хитлер успеал да побегне во Аргентина за време на војната, кој ги убивал нацистите во гасни комори, зошто Евреите го финансирале Хитлер, и сл.
Околу 1,000 цркви биле реновирани или одново изградени откако Хитлер ја преземал власта во 1933 година, а измените ја одсликувале силината со која земјата, и многу свештеници, ја прифатиле идеологијата. Дури и славната катедрала во Келн содржи блокови во кои се изгравирани свастики.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема