Избори во Германија: Големите сакаат нова влада до Божик | Информации и анализи за Германија | DW | 26.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Избори во Германија: Големите сакаат нова влада до Божик

СПД и Унијата се против водење долги коалициски преговори и сакаат нова влада да има до Божик.

Bundestagswahl 2021 | Spitzenkandidaten bei einer TV Debatte am Wahlabend

„Берлинската рунда“ традиционално се одржува по секои сојузни парламентарни избори во земјата

Мора да се направи сѐ за „да завршиме пред Божик“, изјави вечерва шпиценкандидатот на СПД, Олаф Шолц, на дебата со останатите партиски лидери по изборите во Германија. Тој додаде дека дури „би било добро“ и доколку со преговори се заврши „малку пред тоа“.

На исто мислење е и кандидатот за канцелар од редовите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), Армин Лашет. Тој е против долги сондирачки разговори пред коалициските преговори. „Мислам дека за такво нешто немаме време“, рече шефот на ЦДУ. Тој укажа дека Германија наредната година го има претседателството со групата на најразвиени индустриски држави Г7. Меѓу другото и поради тоа би морало „новата влада да биде назначена брзо“ и да има завршница на коалициските преговори „во секој случај пред Божик“.

Парламентарните избори во Германија, според прогнозите, донесоа мртва трка на СПД и Унијата, со мала предност на Социјалдемократите. Нова голема коалиција на двете партии важи за неверојатна. Лашет во дебата на партиските лидери вечерва рече дека тој модел, според него, не е модел „за иднината“.

Оттука, предвид доаѓаат коалиции на Унијата со Зелените и ФДП, но и на СПД со Зелените и ФДП. Шефот на либералите, Кристијан Линднер, во т.н. „Берлинска рунда“, која традиционално се одржува по сојузни парламентарни избори во земјата на телевизиите АРД и ЗДФ, уште еднаш предложи Зелените и ФДП „прво да разговараат меѓусебно и да видат дали има заедничка основа“.

Повеќе:

Избори во Германија: Доминацијата на големите партии заврши, поголема моќ за малите партии

Избори во Германија: Ноќта ќе биде долга

Шпиценкандидатката на Зелените, Аналена Бербок, покажа во основа отвореност за разговори со ФДП. Преговори за нова влада „не може да бидат онакви какви што беа претходните“, смета таа. Нема партија која е во јасно водство, па „јасно е дека претходно ќе се водат разговори и со други“.