Германија засилено бара стручни работници од странство | Економија | DW | 03.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германија засилено бара стручни работници од странство

Германската влада, со оглед на недостигот од стручњаци во стопанството, сака да им даде поголеми можности на квалификуваните работници од странство за работа во Германија, вклучувајќи ги и оние од земјите надвор од ЕУ.

Веќе четвртина век политичките партии спорат дали на Германија ѝ е потребен закон за доселување. Германската влада сега ги утврди рамките за соодветен предлог-закон, во кој фокусот е ставен на стручна работна сила, додека регулатива за луѓето кои со години живеат и работат во земјата со ограничена дозвола за престој, ќе следи подоцна, во форма на посебен закон за престој.

Според заклучоците на владината коалиција во Берлин, работниците со завршено образование и познавања на германски јазик од земји надвор од ЕУ, ќе можат да дојдат во Германија и имаат време од шест месеци да најдат работно место. Но, услов е тие во оваа половина година самите да си го финансираат престојот.

Уште е нејасно какви ќе бидат шансите на одбиените баратели на азил, чиј престој е толериран во земјата, иако засега се прави стриктна дистинкција меѓу двете постапки - азил и дозвола за престој заради работа.

Кој всушност ќе може сега да дојде во Германија за да бара работа?

Досега тоа смееја да го прават само странци со факултетска диплома, кои треба да најдат работно место во рок од шест месеци, притоа само оние со завршен факултет во Германија или со призната диплома од странство. Освен тоа, тие мора да приложат доказ за поседување доволно средства за самите да се грижат за своја издршка во полугодишниот период на барање работа, во кој не смеат да работат. Но, со оглед што недостигот од квалификувана работа сила ги погодува и неакадемските професии, овој круг сега се проширува.

Symbolbild Zuwanderung von Fachkräften (picture-alliance/dpa)

Посебен недостиг од стручнара ботна сила има во здравството

Смеат ли одбиените баратели на азил уште сега да работат?

Да, но тоа нема влијание врз нивниот статус за престој, што за нив значи голема несигурност, а е негативно и од аспект на нивните работодавачи, кои не се на чисто колку долго можат да сметаат на своите соработници. Кон тоа се надоврзува фактот што правилата не се применуваат еднакво во сите покраини. Меѓутоа, постојат и исклучоци. Оној кој во Германија живее најмалку осум години, располага со доволно усно познавање на германскиот јазик, го профаќа демократскиот поредок на земјата и самиот се грижи за својата животна издршка, може да добие дозвола за престој. За оние кои имаат малолетни деца, ваквата можност се нуди уште по шестгодишен престој. Посебни правила важат за малолетници или млади луѓе кои се образуваат во Германија.

За разлика од  врбувањето стручна сила, кај странците со толериран престој улога не игра квалификацијата, туку интеграцијата, времето на престој во земјата и познавањето на јазикот.

Повеќе: 

Огромен недостиг на занаетчии во Германија

„Ќе ни биде мило да вработиме повеќе странци“

По 14 македонски работници дневно доаѓаат во Германија

Колкав е недостигот од квалификувани работници во Германија?

Според Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), на претпријатијата им се потребни 1,6 милиони работници. Скоро секоја втора фирма во прашалникот за работна сила на ДИХК за 2018. година навела непостоење можност за долгорочно пополнување на празните работни места. Работните места за стручни лица денес остануваат непополнети подолго отколку пред две години, актуелно периодот изнесува 107 дена во просек, лани биле 103 дена, а преклани -  97 дена.

Ситуацијата е посебно заострена во градежните професии, но тесни грла има и во техничките занимања, од санитарци до ИТ, како и во здравството и негата на стари и болни лица.

Што треба да поседуваат квалификуваните работници за работа во Германија?

Познавање на јазикот и завршено стручно образование. Тоа меѓутоа не мора да одговара по секоја цена на германските стандарди, зашто и сега се овозможува 18-месечна доквалификација, на која во иднина засилено ќе се стави акцент. ИТ-стручњаците и работниците од останатите дефицитарни професии ќе смеат да дојдат и без формално завршено образование, доколку располагаат со доволно искуство. Германија е посебно заинтересирана за здравствени работници и негуватели од странство.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама