Германија дискутира: Каков да биде односот кон анти-корона протестите? | Информации и анализи за Германија | DW | 03.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија дискутира: Каков да биде односот кон анти-корона протестите?

Без маски, без физичка дистанца- берлинскиот собир на противници на мерките против коронавирусот што се случи во саботата, ја алармираше политиката. Каде се границите на правото на слободен протест во време на пандемија?

Десетици илјади протестираат како да не постои вирусот: без заштитни маски на устата и носот, настегани едни до други луѓето во саботата дефилираа низ Берлин.На случајни минувачи кои носеа заштитни маски демонстрантите им довикуваа „Симни ја маската!”

Реакциите се слушнаа уште истиот ден. Претседателката на Социјалдемократите, Заскија Ескен, ги нарече „ковидиоти”. Шефот на фракцијата на ЦДУ во покраинскиот парламент на Бранденбург, Јан Редман, изјави дека “Таквите опасни глупости веќе не можеме да си ги допуштаме”.

„Немам разбирање“

Политичарите од повеќе партии имаат слични ставови – дебатата се засилува. Слободата за демонстрации „е особено важна уставна придобивка,“ вели министерката за правда Кристине Ламберт за „Зидојче Цајтунг“. Сепак мора да се почитуваат препораките и правилата за справување со епидемијата и да не се загрозат другите. „Јас немам разбирање за демонстрантите кои ова самоуверено го занемаруваат“. 

Експертот за внатрешни работи на ЦДУ, Армин Шустер гледа „опасност за пошироката јавност“ и ваквиот тип на демонстрации генерално го доведува во прашање. Според него вакви собири би можело да се дозволат “само под построги правила или воопшто да не се дозволуваат,“ изјави Шустер за весникот „Рајнише Пост“.

Повеќе:

-Коронавирус: Како стравовите од вакцина стануваат теории на заговор

-Каде се во светот има корона-протести и зошто?

-Анти-корона протести: Гневот се истура врз новинари 

Шефот на пратеничката група на партииите на  Унијата во Бундестагот, Торстен Фрај нагласува дека протестни собири може да бидат ограничени само во апсолутно исклучителни случаи. „Но ако самите демонстранти стануваат висок ризик, тогаш државата не смее немо да посматра,“ рече политичарот од ЦДУ за „Велт“.

Казни за прекршоци

Експертот за здравство од СПД, Карл Лаутербах бара казни за прекршителите. „Кога десетина илјади агресивно повикуваат на тоа да не се почитуваат правилата за држење дистанца, тогаш тоа е закана за јавното здравство,“ вели Лаутербах за НДР. Тој бара да се изврши идентификација на учесниците за да може да им се изречат казни.

Потпретседателот на АФД, Тино Чупала пак застана во одбрана на демонстрантите. „Не гледам никакво девијантно однесување,“ изјави тој за АРД. Протестите поминаа мирно, луѓето излегоа на улица заради нивните основни и граѓански права. „Тоа е само за поздрав.“ 

„Луѓе кои се очајни“

И потпретседателот на Бундестагот, Волфганг Кубицки има разбирање. Тој е сигурен дека меѓу демонстрантите имало “голем број луѓе кои не се изгубени за нас, туку се само очајни бидејќи повеќе не знаат зошто овие мерки се спроведуваат.“ Политичарите не успеаа ова подобро да го објаснат.

Меѓутоа германското Здружение на градови, предупредува дека демонстрациите не смее да станат нов извор на ширење на коронавирусот. „Неодговорно е да не се придржуваат до правилата и препораките на толку тесен простор,“ вели извршниот директор Хелмут Деди за весниците од медиумската групација Функе. Сличен став има и неговиот колега од Здружението, Герд Лансберг. Неприфатливо е илјадници луѓе да не држат дистанца и да не носат маски, а да го слават ова како законско право на слобода, вели тој за “Пасауер Ноје Пресе“. “Слободата на поединецот завршува таму каде што го загрозува животот и здравјето на другиот.“

Казни за организаторите

Според полицијата, на демонстрациите против државните мерки за справување со корона-пандемијата во саботата во Берлин имало околу 17.000 луѓе, а на собирот потоа имало околу 20.000. Бидејќи голем дел од нив не носеле маски ниту држеле дистанца, полицијата го растури завршниот собир. И самиот организатор најави дека демонстрациите се завршени, откако претходно полицијата поднесе кривична пријава против него.

Поврзана содржина

Реклама