Германија депортира сѐ поголем број странци | Свет | DW | 23.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германија депортира сѐ поголем број странци

Според германското министерство за внатрешни работи, лани биле протерани двојно повеќе странци отколку пред пет години, тенденцијата е во раст. Засегнати се првенствено луѓе од источна Европа, а меѓу нив Албанци и Срби.

Во изминатите години од Германија е извршено протерување на сѐ поголем број странци. Во 2018 година се спроведени околу 7.500 депортации, бројот е повеќе од двојно поголем отколку во 2014 година. А во првата половина од тековнава година, властите веќе побарале од 4.500 луѓе да ја напуштат земјата. Ова произлегува од одговорот на Министерството за внатрешни работи на прашање на Партијата на Левицата, како што пренесува весникот „Оснабрикер цајтунг“.

Најголем број од протераните се граѓани на југо- и источноевропските држави, посебно е голем бројот на Албанци, Украинци и Срби. Но, ако станува збор за вкупно досега протерани странци, на прво место се Турците - 50.000.

Кога едно лице добие известување - документ за протерување, обично тоа подразбира обврска да ја напушти државата до одреден рок. Ако тоа не го направи, тогаш може да биде депортирано од страна на надлежните служби, односно присилно да биде изнесено од земјата. Според Министерството за внатрешни работи, вакво известување до крајот на јули 2019 година добиле вкупно 300.000 лица. Приближно 30.000 од нив во моментов сѐуште престојуваат во Германија, останатите или отпатувале доброволно, или се депортирани.

Но, постојат големи разлики во однос на депортациите меѓу 16-те германски сојузни покраини: додека од Баден-Виртемберг лани им е откажано правото на престој на околу 1.600 лица, од Мекленбург Предна Померанија се протерани само 12.

Портпаролката за внатрешни прашања на пратеничката група на Левица во Бундестагот, Ула Јелпке, остро ја критикува праксата на депортирање: „Протерувањата претставуваат двојно казнување кое им се заканува само на странци. Овој фатален развој мора да биде запрен“, изјавила таа за „Оснабрикер цајтунг“. Често се погодени лица кои изградиле егзистенција во Германија, тврди таа. Правилата за депортирање последно се заострени во 2016 година, по сексуалните напади на Новогодишната ноќ во Келн, а бројот на протерувања оттогаш постојано расте.

 

DW.COM

Реклама