Германија да зајакне за предизвиците на иднината | Свет | DW | 18.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германија да зајакне за предизвиците на иднината

Како би требало да изгледа Германија? Ова прашање германскииот претседател Гаук самоуверено го постави на почетокот на мандатот. Сега, на заминување, неговите погледи се значително попесимистични.

Германскиот претседател Јоахим Гаук во говор пред завршувањето на неговиот мандат се заложи за „цврста демократија способна да се брани“. Тој пред околу 200 гости во дворецот Белви потсети на својот прв претседателски говор и рече: „Сега, по речиси 5 години, во мене е уште посилна свеста дека на оваа и стабилна Германија ѝ се закануваат и опасности. И оти ќе биде потребен голем напор таа да се направи посилна и во иднина.“

Гаук ја спомена и кризата во ЕУ и претстојното излегување на Велика Британија од Унијата, но и војните на Блискиот Исток и во источна Украина, и руската анексија на Крим. Тоа се појави кои, како што рече, ги направиле видливи ограничените можности за делување на Германија и на европската надворешна политика. А и заканата од исламистичкиот терор е зголемена. Стапувањето на должност на новиот американски претседател Доналд Трамп, според мислењето на Гаук, значи нови предизвици за меѓународниот поредок и трансатланските односи.

Да се засилат одбранбените сили

Во дебатата околу последиците од терористичките напади во Германија, Гаук се заложи за силна држава. „Правната држава губи ако во борбата против насислство и теророт се покаже како преслаба или дури беспомошна“. Поголемата безбедност не е опасност за демократијата, туку е неопходна со цел на нејзина заштита, тврди германскиот претседател.

Кога станува збор за меѓународната политика, Гаук го повтори своето барање „Германија да преземе поголема одговорност“. Со оглед на предизвиците на нашето време и нашите можности би морале, и би требало, да сториме многу повеќе“. Германија и Европа, вели, мораат да ги засилат своите одбранбени напори за да не станат играчка за интересите на другите. „Тоа е суштината на демократијата, која знае како да се брани, тоа е републиканска подготвеност за одбрана“, рече тој.

„Либералната демократија и политичкиот и нормативен проект на Западот се наоѓаат под стрелба“, нагласи Гаук. Тој критички се осврна на тоа што, како што смета, во делови од општеството се развил начин на мислење според кој државата е услужен сервис, „но демократија не е политичка продажба на артикли од каталог. Демократија е учество во кроењето на сопствена судбина.“

Живееме во тешки времиња

Бројот на бегалците и илегалните доселеници во Европа значително се намали, „но сите ние знаеме: без ефикасно обезбедување на европските надворешни граници, без регулирање на европската доселеничка политика и, конечно, без подобрување на животот во земјите на потекло, заострување на кризата би требало да се очекува и во иднина.“

Кога станува збор за новите политички струи, Гаук се заложи за офанзива и робустна култура на дискутирање. „Размената на мислења и дискусијата се кислород за отвореното општество, а спорот е елемент кој го оживува“, рече тој и додаде: „Може да се тврди жестоко, но со почит и добри нерви“. Како и во спортот, и тука треба да се води сметка за правилата: „Живееме во тешки времиња, често не може да се препознае што е вистинско, а што лажно. Пред сѐ на социјалните мрежи речиси безгранично се лаже и навредува.“

 

DW.COM

Реклама