1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Impfstofffläschen von Moderna
Фотографија: Mustasinur Rahman Alvi/Eyepix/abaca/picture alliance
ЗдравјеГерманија

Германија: За 6 месеци истекол рокот на 3,9 милиони вакцини

ЕМФ | агенции
18 јули 2022

Поради изминат рок мора да се уништат повеќе вакцини против Ковид отколку што се претпоставуваше. Критики доаѓаат и од владејачката коалиција и од опозицијата.

https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%B8%D0%BC-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BB-%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-39-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4/a-62508588

Во периодот од декември 2021 година до јуни 2022 година им истекол рокот на 3,9 милиони вакцини од производителот Модерна, стои во одговорот на германското Министерство за здравство на прашање поставено од пратеникот Штефан Пилзингер од Христијанско-социјалната унија.

Тоа значи дека ќе мора да се уништат повеќе вакцини отколку што се претпоставуваше. Во април годинава се претпоставуваше дека до јуни ќе истече рокот на околу 3 милиони вакцини. Пратеникот Пилзингер е „шокиран“ што на отпад завршуваат повеќе вакцини од очекуваното. „Особено во време на криза и инфлација државата не смее да ги фрла бесмислено низ прозорец парите од даночните обврзници“, изјави тој за мрежата РНД.

Пратеничката на Зелените, Паула Пихота, во време на голем број кризи бара од државата да постапува „попретпазливо со парите на даночните обврзници“, а Министерството за здравство да купува вакцини повеќе ориентирано „кон вистинската побарувачка“. Пихота за агенцијата АФП укажува дека во моментов „ретко која земја прима донирани вакцини“, поради што за прекумерните количества вакцини веќе нема „разумна примена“.

Impfstofffläschen von Moderna und Biontech
Фотографија: Bildagentur-online/Ohde/picture alliance

Катрин Фоглер од опозициската Левица оцени дека уништувањето на милиони вакцини е „уште едно дно на семафор-коалицијата, која ја карактеризираат организаторски и проблеми во комуникацијата“. Под „кампања на вакцинирање“ Министерството за здравство „очигледно подразбира главно набавка на што е можно повеќе вакцини“. „Притоа работата не е да се поседуваат што е можно повеќе вакцини, туку да се аплицираат што е можно повеќе вакцини“, изјави Фоглер за АФП.

- повеќе: Досега нема добра заштита од Омикрон-варијантата BA.5, се очекува летен бран инфекции

Министерството за здравство денеска соопшти дека досега се донирани 118 милиони вакцини против Ковид во 45 земји во светот. Пет милиони дози се во фаза на испорака.

- повеќе: Од денеска и четврта доза за Ковид-19 со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“

„Проблемот, меѓутоа, е што во моментов глобалната понуда на вакцини е далеку поголема од побарувачката“, се вели од Министерството за здравство.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Влада Северна Македонија

Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница