Германија: „Веројатни“ се повеќе корона-вакцини | Информации и анализи за Германија | DW | 16.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија: „Веројатни“ се повеќе корона-вакцини

Постојаната комисија за вакцинација при германскиот институт Роберт Кох очекува дека ќе има неколку различни вакцини против Ковид-19 во Германија. А од кога тие ќе бидат достапни?

„Со оглед на големиот број потенцијални кандидати за вакцини против САРС-КоВ-2, веројатно е дека на крајот ќе бидат одобрени неколку вакцини во Германија“, објасни заменик-претседателот на Постојаната комисија за вакцинација (Стико) во институтот Роберт Кох, Сабине Викер. Притоа може да се случи поединечни вакцини да бидат посебно соодветни за одредени групи на население.

Стико има задача да поставува приоритети во случај вакцините првично да бидат достапни само во ограничени количества. За ова, мора да се провери кои групи на население се изложени на најголем ризик од инфекција и „кој би имал најголема корист од вакцинацијата“, изјави Викер за германските медиуми.  Ваквата анализа на ризиците и ползата е централен елемент на стандардизираната постапка на комисијата за вакцинација.

Гледај видео 01:24

Тече финалната клиничка фаза на корона-вакцината на Модерна

Старите, болните, медицинскиот персонал

Во случајот на коронавирусот, медицинскиот персонал, како и хронично болните и старите лица припаѓаат кон групите на кои особено им е потребна заштита, објасни лекарката. Стико уште во пролетта формираше работна група за израбоотка на препораки за вакцинација во корона-пандемијата. Комисијата не може да чека додека да се одобри одредена вакцина. Наместо тоа, таа мора претходно да дефинира „рамка за препораки“

Повеќе:

-Науката и националното се судираат во трката за вакцина

-Запрено истражување на вакцина против Ковид-19

-„Успех би бил ако корона-вакцината барем го ублажи текот на болеста“

 

Германската влада очекува вакцина против новиот коронавирус во Германија да биде достапна за делови од населението во првите неколку месеци од следната година, но за широките маси веројатно дури до средината на годината.

Според Светската здравствена организација (СЗО), околу 170 проекти низ целиот свет во моментов бараат ефикасна супстанца. Според ова, тест вакцинациите веќе се вршат во 26 проекти за да се испита здравствената компатибилност и ефекасност.

Само уште „три, четири недели“

Претседателот на САД Доналд Трамп пак е уверен дека ефикасна вакцина за коронавирусот ќе биде достапна за еден месец. „Наскоро ќе имаме вакцина“, рече тој за американските медиуми. „Ако сакате да ја знаете вистината, можеби на претходната влада (...) ќе и требаа години за да има в рака вакцина . А ние може да ја имаме за неколку недели, три недели, четири недели, сега..“.

Гледај видео 02:37

Природен лек против Ковид-19?

 

Реклама