Германија: Матичните лекари ќе одлучуваат за АстраЗенека | Информации и анализи за Германија | DW | 07.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија: Матичните лекари ќе одлучуваат за АстраЗенека

Во Германија е укината приоризацијата за вакцинирање со АстраЗенека. Одлуката кој ќе биде вакциниран ќе ја носат матичните лекари.

Сојузот и покраините во Германија ја укинаа приоризацијата во процесот на вакцинирање со АстраЗенека во земјата. Сите возрасни граѓани можат кај својот матичен лекар да добијат ваква вакцина, без оглед на листата на групи кои имаат приоритет.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан во Берлин изјави: „Тоа значи дека при вакцинирањето матичните лекари ќе одлучуваат кој кога е на ред да добие вакцина (АстраЗенека, н.з.).“

Исто така, веќе не мора да се чека да минат 12 недели помеѓу првата и втората доза на вакцината, рече Шпан. Лекарот е тој којшто ќе донесе одлука кога треба да биде дадена втората доза АстраЗенека.

Повеќе:

Дали постои поврзаност помеѓу векторските вакцини и појавата на тромбози?

Меркел вакцинирана против коронавирусот

Фотографија на денот: АстраЗенека – една вакцина, 27 правила за користење во ЕУ

Што се однесува до останатите вакцини, и натаму е во сила редоследот по приоритетни групи. Во повеќето германски покраини во моментов веќе се вакцинира последна приоритетна група.

АстраЗенека беше долго во фокусот на јавноста поради ретките случаи на мозочни тромбози. Германија ја промени препораката за вакцинирање со овој препарат, со тоа што тој нешто повеќе од еден месец им беше даван само на луѓето над 60 години.Во тоа време, меѓутоа, и помлади лица смееја да ја примат вакцината по претходна консултација со лекар.

Поврзана содржина