Генчовска: Бугарите во Уставот, па Македонија во ЕУ | Северна Македонија | DW | 16.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Генчовска: Бугарите во Уставот, па Македонија во ЕУ

Шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска очекува Собранието во Скопје до јуни годинава да започне процедура за влез на Бугарите во Уставот, како услов за почеток на преговорите со ЕУ.

Бугарија ќе го тргне ветото за Северна Македонија во ЕУ, доколку Скопје ги вметне Бугарите во Уставот и почне да го исполнува Договорот за добрососедство, вели бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. 

ЕУ перспективата на земјите од Западниот Балкан беше една од темите на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот во Брисел, и на него присуствуваа и министрите за надворешни работи на земјите од регионот. 

Генчовска по состанокот потврди дека врз нејзината земја се врши притисок да попушти за ветото, но, како што рече таа, „нашата позиција е јасна“.

„Очекуваме Северна Македонија да започне да го исполнува договорот и да ги вклучи Бугарите во Уставот на земјата,“ рече Генчовска. Прашана дали очекува спорот да се надмине до јуни годинава, Генчовска рече дека дотогаш „очекува Северна Македонија да го започне процесот на измени на Уставот.“  
„Северна Македонија мора да направи конкретни чекори со кои ќе ни се гарантира дека ќе се исполни Договорот за добрососедство“, рече Генчовска. Таа добила ветување од шефот на македонската дипломатија Бујар Османи дека наскоро ќе има предлози од македонска страна за исполнување на тие гаранции.   

DW.COM