Генерален штрајк ја парализира Белгија | Економија | DW | 13.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Генерален штрајк ја парализира Белгија

Во Белгија е во тек генерален штрајк кој практично ја парализираше земјата. Погодени се и воздушниот и железничкиот сообраќај.

На повикот на трите најголеми синдикати во земјата се одзваа вработените во јавните дејности, како и во приватнто стопанство. Тие, меѓу другото, бараат повисоки плати и повисоки додатоци, како и зголемување на пензиите.

Воздушниот простор над Белгија е комплетно затворен за нормален воздушен сообраќај во вечерва во 22 часот. На аеродромот Брисел отпаднаа 591 летови. Погодени се 60.000 патници, соопшти аеродромот. Погоден е и јавниот сообраќај во земјата - повеќето од трамваите и автобусите останаа во гаражите. Бродовите на пристаништата не се товараат и растовараат. Блокади има и во фабриките, а денеска во најголем дел останаа затворени и поштите, училиштата, болниците, комуналните претпријатија и шопинг-центрите.

„Синдикатите и работодавачите мора да се вратат на преговарачка маса“, побара белгискиот премиер Шарл Мишел. Според него, со штрајк не се решава ништо. Тој им се заблагодари на сите кои и покрај штрајкот денеска се на работа.

Charles Michel (Reuters/P. Van De Wouw)

Мишел: Со штрајк не се решава ништо

Штрајкувачите бараат „поголем респект“, вели генералната секретарка на синдикатот ЦСЦ, Мари-Хелен Ска. Таа за белгиското радио додаде дека оние што штрајкуваат сакаат „да живеат достоинствено, а не само да преживуваат“.

Реклама