Гвардиола: Одбраната на титулата почнува во главата | Теми | DW | 10.04.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Гвардиола: Одбраната на титулата почнува во главата

Бајерн Минхен е во полуфиналето на Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед беше победен со 3:1. Тренерот Гвардиола полн со пофалби за своите играчи: „Тие имаат срце, тимски дух, сакаат да ме следат“.

Пред 67 илјади гледачи, тимот на Пеп Гвардиола славеше победа над Англичаните со головите на Манџукиќ, Милер и Робен. Голот за Манчестер Јунајтед, со кој тимот и поведе на натпреварот, го постигна Евра.

Гвардиола вели дека нема тим кој го фаворизира за противник во полуфиналето. Што се однесува до неговата екипа, полн е со пофални зборови. „Играчите имаат срце. Одбраната на титулата почнува во главата. Знам дека на овој клуб ништо не му е доволно“, рече тој во интервју за агенцијата СИД.

Bayern München vs. Manchester United Champions League Viertelfinale 09.04.2014

Пеп Гвардиола

Во полуфиналето на Лигата на шампиони синоќа се пласираше и Атлетико Мадрид. Тој ја исфрли Барселона во шпанската четвртфинална пресметка. Атлетико Мадрид победи со 1:0 со голот на Коке постигнат уште во 5.минута и по нерешените 1:1 на теренот на католонскиот клуб, му се придружи во полуфиналето на градскиот ривал Реал Мадрид.

Вчера, во полуфиналето на ЛШ се пласираа Реал Мадрид и Челзи. Кој против кого ќе игра во полуфиналните натпревари ќе се знае утре (11.04), за кога е закажано извлекувањето на двојките во швајцарски Нијон.