Газа: 60 мртви и прашањето на одговорноста | Свет | DW | 18.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Газа: 60 мртви и прашањето на одговорноста

Протестите во Појасот Газа завршија крваво. Дали Хамас свесно ги праќа во смрт своите сограѓани? И дали Израел можеше да реагира поинаку? Во кавгата околу ова прашање влогот е голем за двете страни.

Изминатиов понеделник  најмалку 60 палестински демонстранти загинаа на протестите во близина на израелската граница, а над 1700 беа повредени. Дури откако поголемиот дел од демонстрантите се повлекоа, Хамас, кој раководи со Појасот Газа, стапи во контакт со Израел. Целта им беше да се намали нивото на насилство, па сакаа со тоа да ги запознаат израелските власти. Тие реагираа и во вторникот го отворија граничниот премин Керем Шалом за во отсечениот Појас Газа да бидат испорачани итно неопходните продукти. Истовремено, очигледно со израелска согласност, и Египет го отвори граничниот премин за да може ранетите да се пренесат на лекување во египетските болници.

Преговарачкиот канал беше воспоставен во понеделникот навечер. Но, очигледно дека контактот е воспоставен уште претходно. На кој начин и со каков исход е искористен кратко пред почетокот на протестите, засега е предмет на контроверза. Израел и Хамас објавија сосем спротивни верзии за настаните. Но, едно е јасно – во неделата лидерот на Хамас Исмаил Ханија отпатува на разговори во Каиро. Тема беа претстојните протести.

Повеќе:

-Еден јубилеј, една амбасада и еден уништувач со име Трамп

-Крваво отворање на амбасадата на САД во Ерусалим

-Отворањето на американската амбасада го подели Ерусалим

За содржината на разговорите има различни интерпретации. Израелскиот министер за разузнавање Израел Кац по судирите за израелското радио изјави дека египетските безбедносни служби го предупредиле Ханија: имаше докази дека Хамас ќе ги поддржи протестите и дека сака да испрати луѓе на границата и оти „жени и деца ќе бидат поставени како 'жив штит' за бомбите и ракетите." Доколку Хамас го реализира овој план, Израел ќе преземе робустни мерки. И Египет нема да го поддржи Хамас, повтори Кац во однос на разговорите во Каиро.

Хамас како господар на протестите?

Дали Египет навистина го предупредил Ханија? Хамас негира. Но исто така е јасно – протестите нагло завршија во понеделникот вечерта.

Кавгата околу средбата во Каиро и комуникацијата со израелските безбедносни власти не само што го наметнува прашањето - колку длабоко Хамас има улога на господар во протестите, туку поважното прашањегласи - дали тие беа свесни пред протестите за можната смрт на многу Палестинци, сакајќи да ја искористат за морално и политички да го дискредитираат Израел и еврејската држава да биде дипломатски изолирана?

И Израел е исправен пред еден безбедносен проблем: 50 лица од убиените во понеделникот се од редовите на Хамас, се вели во вчерашното соопштение. Што ќе се случеше ако им успееше да се пробијат преку границата? Можноста дека би извршиле напади во Израел не може да се исклучи.

Либералниот весник „Хаарец“, кој со години ја промовира позицијата за дијалог со Палестинците, смета дека Хамас цело време ја контролирал ситуацијата. Остриот пресврт кој на крајот резултираше во насилен протест и ветувањето дека ќе продолжат со употреба на насилство, е показател и потврда за тоа, пишува „Хаарец“. Како причина за промената на стратегијата весникот наведува дека Хамас во понеделникот ги имал предвид целосно преоптоварените болници и второ - дека бил дефинитивно застрашен од израелските закани за напади врз водечките луѓе на организацијата.

Претходната претпоставка на израелските тајни служби дека Хамас ја загубил контролата врз дел од палестинските бунтовници, веќе не држи, пишува весникот. „Јасно е дека Газа е мирна само кога тоа го сака Хамас. Ако не им е во прилог, веднаш се разгорува насилството“, пишува „Хаарец“

Нова стратегија на Хамас?

Претпоставката соодветствува со објаснувањето кое го даде портпаролот на Хамас,Фавзи Бартуми во средата: „Протестите ќе продолжат сѐ додека народот не ја постигне целта," изјави тој. Повеќе палестински групи во средата повикаа на натамошни протести за денеска (18.05.2018).

Хамас и останатите групи спроведуваат една нова стратегија, проценува и весникот „Вашингтон пост". „Тие собираат на протест илјадници лица претставувајќи ги како цивили за да пробаат да ја пробијат границата. Притоа им е пресметан ризикот дека многу луѓе ќе загинат. Исходот е морален и политички пораз за Израел и можно олеснување за режимот (на Хамас), кој е буквално опколен од сите страни."

Во суштина Хамас, откако во 2006 година на избори ја презема власта во Појасот Газа, според проценките на Светска Банка е зависен од донации и му се заканува распад. Притоа, во текот на 12-годишното владеење, Хамас не направи обид да развие мерки за градење доверба кон Израел, што може постепено да ја олесни блокадата, а со тоа и да се подобри целокупната ситуација на населението.

Покрај тоа, војната во Сирија го пренасочи глобалното внимание од Појасот Газа. Дури и изјавите на солидарност од арапскиот и исламскиот свет исто така, значително се намалија. Хамас стана меѓународно осамен. Нивната единствена поддршка е режимот во Иран.

Хамас, од своја гледна точка, успешно му се спротивстави на ова во понеделникот. Им успеа да ја мобилизираат светската јавност. Во однос на ова сите големи палестински весници, акцијата во понеделникот ја оценија како успешна.

„Целиот свет стои зад нас и нашата оправдана загриженост да ги браниме нашите права против масакрите што ги изврши Израел, како и американската пристрасност против нас", пишува весникот „Ал Кудс".

 

DW.COM