Габриел: Не може некој да ја узурпира власта затоа што се плаши од СЈО | Македонија | DW | 28.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Габриел: Не може некој да ја узурпира власта затоа што се плаши од СЈО

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел на маргините на состанокот на ЕУ на Малта уште еднаш ги коментираше состојбите во Македонија

„Она што вчеравечер го направија поранешната владејачка партија и нејзините поддржувачи, не само што е неприфатливо, туку и директно ја затвора вратата на ЕУ, доколку продолжи така“, изјави Габриел.

„Отворени сме за македонските граѓани затоа што многумина во Македонија сакаат кај нас. Но не може да се прифати блокада на демократски избор. Да се блокира нечиј избор за претседател на Собранието поради неговата етничка припадност?! Да се упадне во парламентот и да се нападне опозицијата, луѓето да се здобијат со телесни повреди во парламентот?! Тоа е незамисливо за нас. Сега мора да се избере нова влада во Македонија која по изборите доби мнозинство. Тоа е нормалниот пат. И мора да се стори сѐ, за парламентот да работи слободно“.

„Оние политички сили во Македонија кои не сакаат да се одвојат од своите функции и покрај тоа што ги загубија изборите, тие не смеат да ѝ го блокираат патот на земјата кон ЕУ. А тие тоа го прават. Она што тие таму го прават е целосно против сѐ она што ние во Европа го сметаме за исправно“.

На прашањето какви мерки за притисок и се на располагање на ЕУ за да влијае врз состојбата, Габриел вели дека постои цела лепеза на мерки, но засега се ограничуваат на испраќање сигнали.

„Засега испраќаме јасни сигнали и се надеваме дека нема да мораме да ги ставиме во сила сите мерки кои ни стојат на располагање. Се надеваме дека ќе надвладее разумот. Имаше избори и оние што ги загубија ќе морат да си заминат. Но недозволиво е некој да ја задржува власта само затоа што има страв од истрагата на Специјалното јавно обвинителство за она што го правела владата. Тоа не е можно. Тоа е во спротивност од она што го бараме во Европа“, вели Габриел.

 

DW.COM

Реклама