Вчера мп3, утре Ѕвездени патеки | Панорама | DW | 16.08.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Вчера мп3, утре Ѕвездени патеки

Во Илменау, истражувачите на институтот Фраунхофер работат на звучни системи кои можат да ги променат навиките за слушање музика. Институтот го предводи научник кој има направено глобална револуција во уживањето музика.

Во орманот и на ѕидовите се наградите, признанијата, дипломите. Овој човек постигнал многу, велат од канцеларијата на Карлхајнц Брандебург. Според легендата, шефот на Фраунхофер институтот за дигитални медиуми и технологија (ИДМТ) во Илменау во Тирингиј, со години е еден од најомразените луѓе во музичката индустрија. Тој, заедно со својот тим е „виновен“ за воведување на аудио форматот мп3. „Меѓутоа, никогаш не сум сретнал некого лично кој бил лут на мене“, вели Брандебург.

Меѓутоа, тој запознал многу од индустријата, кои своевремено, кога мп3 бил нов, не го сфатиле сериозно. „Многу од главните играчи во индустријата мислеа дека тоа е симпатична работа. Но, тие исто така кажаа дека тоа е премногу комплицирано за употреба.“ Денес светот на музиката е различен и германскиот истражувач Брандебург е примен во Салата на славните на интернетот.

Неговите очи светат кога говори за тоа историско откритие во аудио технологијата, со кое музиката е одделена од одредени носители на податоци. Тоа е приказна за случајности, трудољубивоста и вистинскиот момент. „Ние не бевме единствени кои работеа на намалување на податоците кај аудио фајловите, но останатите направија многу грешки“, вели Брандебург.

Deutschland Karlheinz Brandenburg

Карлхајнц Брандебург

мп3 му донесе слава и пари

Проектот на Брандебург му донесе повеќе од слава, но: „По моите стандарди не би кажал дека сум богат човек“, сосема директно вели тој. Со германскиот закон откривачите имаат удел во приходите. И институтот Фраунхофер годишно добива милионски износи (високи и двоцифрени). Всушност, секој кој ги користи уредите или различните процедури направени во Фраунхофер мора да плати, а тоа се производителите на уредите за снимање и репродукција на звук, но кога ќе соберете некои седум милијарди уреди, тогаш тоа е висока сума.“

Приходите се‘ уште стасуваат, но во повеќето земји патентите имаат одреден рок на траење. Во Германија, согласно со законот, патентите се заштитени 20 години, што е стандард на Светската трговска организација. Значи, порано или подоцна, парите ќе престанат да стигнуваат. Но, Брандебург веќе ја гледа следната голема работа. „Тоа е нешто како виртуеланата реланост во Ѕвездени патеки. Не само да се слуша музика, туку и да се почувствува целата атмосфера во џез клубовите!“

Apple iPod Musik MP3 Player

мп3 овозможи низа технички иновации

Опкружен со звучници

Се разбира, тоа не е потполно ново, но, можеби е ново тоа што овој пат би можело да се направи како треба. Во подрумот на Институтот, раководителот Кристоф Сладежек ја покажува аудио иднината на која работи неговиот шеф. Тој седи пред два монитори - лево е виртуелниот микспулт, десно е прикажан звукот произведен во лабораторија. Од 12 звучници на црните ѕидови се слуша поп музика. Прилично добро, си помислувате во првиот момент. Потоа Сладежбек посегнува по глувчето, го поместува симболот и пејачката изненадено е веднаш зад мене. Слушателот дури може да ја намести и до себе.

Технологијата зад овој звучен пејсаж, се базира на синтеза на брановидно поле, кое е развиено во доцните 80-ти години во холандскиот град Делфту. При тоа, компјутерот на секој звучник во собата испраќа звучен сигнал, создавајќи брановидни фронтови кои одговараат на природниот извор на звукот, гласот или инструментот. Сладежбек вели: „Звукот во собата е совршено измешан и потребни ни се далеку помалку звучници од порано“, вели тој. Порано за таков ефект им биле потребни 81 звучник во црната соба!

Реклама