Вучиќ ги скара хрватската претседателка и премиерот | Свет | DW | 15.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Вучиќ ги скара хрватската претседателка и премиерот

Дводневната посета на српскиот претседател Вучиќ на Хрватска предизвика целосен раздор меѓу претседателката Грабар Китаровиќ и премиерот Пленковиќ. Тие двајца не само што настапуваа некоординирано, туку и се саботираа.

Кога хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ го повика во посета српскиот колега Александар Вучиќ, очигледно без согласност од премиерот, Андреј Пленковиќ го отвори прашањето за воената отштета. Додека од владата стигнуваа изјави дека српскиот претседател треба да ѝ се извини на Хрватска за 1990-те години, од кабинетот на претседателката тоа прашање го релативизираа и маргинализираа.
Тука не стануваше збор само за неусогласеност на претседателката и премиерот, туку посетата на Вучиќ покажа дека тие двајца, иако доаѓаат од иста политичка опција, воопшто не се согласни околу надворешно-политичките приоритети.
Како ќе се рефлектира овој спор на хрватската надворешна политика? Тоа прашање е особено важно во контекст на хрватскиот став во однос на новата Стратегија на ЕУ за Западен Балкан, а особено во врска со скорешното хрватско претседавање со ЕУ во 2020 година.

Сериозно недоразбирање

Коментаторот и дописник на „Вечерњи лист“ од Брисел, Томислав Краснец смета дека спорот меѓу претседателката и премиерот ќе има „разорни последици“ врз нивниот однос и дека од тоа „нема да успеат да се опорават“.

Tomislav Krasnec (privat)

Томислав Краснец


„Посетата на Вучиќ на Хрватска е политички најчудниот и дипломатски најнепримерната посета на странски државник која се памети. Премиерот и претседателката тешко ќе го надминат тоа. Ќе мораат да вложат голем труд за да го санираат и надминат тој спор, а со оглед на досегашните случувања не верувам тоа ќе биде така. Затоа мислам дека тој спор ќе ги бележи до крајот на мандатите“, вели Краснец. Тој вели дека при посетата на Вучиќ немало само некоординираност, туку и свесно меѓусебно забивање „автоголови“ и минирање на посетата. 

Повеќе на темата: 

Вучиќ во Загреб: Пораки на добра волја?

Зошто Вучиќ воопшто го посетува Загреб?
Дополнително, ваквиот судир може негативно да влијае и на улогата на Хрватска во спроведувањето на новата ЕУ Стратегија.
„Тоа дополнително ќе ја ослабне Хрватска, која ни досега немаше влијателен глас во европската расправа за Балканот“, вели Краснец.
Дека судирот меѓу двајцата водечки политичари ќе и нанесе голема штета на земјата, смета и Анѓелко Милардовиќ од Институтот за европски и глобализациски студии.

Zagreb Premierminister Andrej Plenkovic empfängt Präsident von Serbien Aleksandar Vucic (picture alliance/PIXSELL/P. Macek)

Андреј Пленковиќ и Александар Вучиќ во Загреб


„Тоа не може добро да заврши. Тие се однесуваат како да водат две различни надворешни политики и две различни држави, што е целосно неприфатливо. Притоа, премиерот се обидува да биде на линија на европската, а претседателката да се усклади со американската политика, во момент кога меѓу тие две политики владее голема тензичност. Тоа предизвикува конфузија во односите на Хрватска со меѓународната заедница“, вели Милардовиќ.
Тој се прашува како ќе изгледа хрватското претседавање со ЕУ, кога нејзините главни политички актери не можат да се усогласат ниту за минимум консензус во водењето на надворешната политика?

DW.COM

Реклама